Како да се маскирате за Ноќта на вештерките без да потрошите многу пари?

Ноќта на вештерките е празник што веќе сите го очекуваат со нетрпение. Иако не станува збор за наш празник, неговата популарност кај нас дефинитивно се зголемува секоја година.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-01.jpg

Можеби веќе знаете на која забава ќе одите за Ноќта на вештерките, но доколку немате идеја за маска, имаме неколку одлични предлози за вас.

За овие маски ќе ви бидат потребни предмети што сигурно ги имате во домот, а можете да ги направите и во последен момент.

Круна

За да си направите круна, ќе ви биде потребно обично црно венче за коса и неколку пластични стеги.

Ставете ги стегите на венчето како на сликата, а потоа обојте ја круната со златна боја. Оставете ја да се исуши и вашата маска е готова.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-02.jg.jpg

Пиратска кука

За оваа маска ќе ви бидат потребни пластична чаша и закачалка за облека.

Направете дупка на дното на чашата, а потоа низ дупката протнете ја закачалката.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-03.jpg

Зомби раце

Нема потреба да го боите целото тело со зелена боја ако сакате да се преправите во зомби.

За оваа маска ќе ви бидат потребни стари чорапи или хулахопки, игла, конец и ножици.

Облечете го чорапот на дланката и зашијте го околу вашите прсти. Потоа исечете го вишокот материјал за да направите ракавици. На крај, можете да додадете и вештачи нокти.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-04.jpg

Самовилски уши

Најдете фластер со боја слична на вашата кожа. Залепете го околу горниот дел од увото, така што ќе изгледа како да имате зашилени уши.

Ова е маска што ќе ја направите за само неколку минути.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-05.jpg

Маска на танчар

Нацртајте го дезенот на маската на горниот дел од хартија за печење. Потоа, со силиконско лепило повторете ги рабовите на маската.

Додека силиконот е уште жежок, можете да додадете и некој украс.

Оставете ја маската да се исуши околу еден час.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg