Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Позитивното размислување го претвори концептот за среќа во должност и товар“, тврди дански психолог

Сите сакаат да бидат среќни: самопомагачките книги нудат совети како да престанеме да се грижиме, да ја зајакнеме среќата, целосно да ги забраниме негативните мисли. Претпоставените на работното место сакаат да видат работници со насмевка и ентузијазам и единствениот начин да се одговори на прашањето „Како си?“ е со огромна, среќна насмевка: „Одлично!“

Konceptot-za-srekja-pretvoren-vo-dolznost-i-tovar-01.jpg

Но, според Свенд Бринкман, професор по психологија на универзитетот Aaalborg во Данска, целата оваа нова „култура на позитивно однесување“ има и своја мрачна страна.

Среќата едноставно не е соодветниот одговор на многу ситуации во секојдневниот живот, вели Бринкман, автор на данскиот бестселер „Останете приземјени: Отпорни на лудоста за самоподобрување“. Уште полошо, глумењето дека сме среќни кога не сме може да нè остави емоционално зашеметени и збунети.

„Верувам дека нашите мисли и емоциите треба да го отсликуваат светот. Кога ни се случува нешто лошо треба да ни биде дозволено да имаме негативни мисли и чувства, бидејќи на тој начин го разбираме светот“.

„Животот е прекрасен одвреме-навреме, но е исто така и трагичен. Луѓето околу нас умираат, ги губиме… доколку интензивно чувствуваме само среќни и позитивни мисли, кога реалноста ќе ни удри во главата ќе се чувствуваме уште полошо кога ќе се случи ова – а ќе се случи“.

Нема ништо погрешно во тоа да бидеме позитивни, среќни и да уживаме во книгите за самопомош, само доколку тоа ни доаѓа природно. Проблемот со среќата е кога таа станува наметната потреба.

Во виорот наречен „книги за самопомош“ ние константно чувствуваме потреба да бидеме среќни по секоја цена. На овој начин се извитоперува перцепцијата кон емоциите. Идејата која се провлекува дека секој може да се (по)чувствува среќен имплицира дека несреќните луѓе треба самите да се обвинат себеси за нивната состојба.

Важно е да се сфати дека и негативните емоции играат огромна, битна и здрава улога во тоа како го разбираме светот и како реагираме на него и ситуациите. Вината и срамот се есенцијални кога станува збор за моралот на еден човек.

Лутината е сосема нормален одговор на неправдата. Тагата ни помага да ја процесираме трагедијата. Среќата како емоција е секако одлична. Но, не кога истата се форсира по секоја цена и се проектира постојано.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg