11 oдбранбени механизми на егото - што претставуваат и кога ги користиме?

Одбранбен механизам е несвесен психолошки механизам кој ја редуцира анксиозноста која настанува од неприфатлив или потенцијално опасен стимул.

11-odbranbeni-mehanizmi-na-egoto-shto-pretstavuvaat-i-koga-gi-koristime 01 630x340.jpg

Со други зборови, нашето его нѐ заштитува нас од некоја информација, случка или реалност која можеби во моментот не можеме или не сме подготвени да ја прифатиме.

Иако звучи убаво и заштитувачки, во зависност од тоа кога и колку често се користат овие несвесни механизми, тие можат да бидат и штетни по нас и нашето ментално здравје.

За подобро да се сфати овој концепт потребно е да ја разбереме структурата на личноста според авторот на овие одбранбени механизми, австрискиот психоаналитичар Зигмунд Фројд.

Според него, личноста е поделена на 3 дела: Ид (нашите несвесни пориви, нагони и желби), Супер-его (нашиот морален судија кој се однесува на социјално прифатливи начини) и Его (воден од реалноста, односно делот кој прави баланс помеѓу идот и супер егото).

Кога егото не успева да ги балансира идот и супер-егото, тогаш се повикува на одбранбените механизми кои на некој начин ја дисторзираат реалноста и ја прават полесна за прифаќање.

Подоцна, ќерката на Зигмунд Фројд, Ана Фројд ги доработува и дополнува одбранбените механизми.

Најчести одбранбени механизми се:

1. Негација 

Кога одбиваме да ја прифатиме реалноста или одбиваме некаков факт.

Најчесто се блокираат надворешни случувања или ситуации поврзани со таа реалност буквално како тие да не се случуваат.

2. Репресија или потиснување 

Кога негативни емоции, чувства и мисли се складираат во себе со цел да се заборават наместо да се соочиме со нив и да пробаме да ги разрешиме.

Ова често се случува кај луѓе кои нагло избувнуваат од некоја навидум ситница, бидејќи долго време потиснувале други работи.

3. Проекција 

Доколку нашите мисли, чувства и емоции ги препишуваме на друга личност тогаш станува збор за проекција.

Тоа го правиме (несвесно) со цел да не испаднеме „лоша“ личност и да признаеме дека кон некого чувствуваме негативни емоции, па затоа си кажуваме дека всушност таа личност кон нас чувствува негативни емоции.

Или кога веруваме дека некој е лош заради некакво негативно поведение, а вистината е дека ние сме тие кои така се однесуваме.

4. Поместување 

Секој од нас чувствува некакви негативни емоции кон некој друг (колку и да е тоа погрешно).

Но, доколку не се соочиме со личноста која ни ги предизвикала тие негативни емоции туку тие емоции ги „истуриме“ на некој кој е помала закана за нас, тогаш станува збор за поместување.

Класичен пример за ова е родителот кој наместо да разговара со својот шеф за проблемите на работа, тој својата негативност (а понекогаш и агресија) ја поместува кон своите деца, партнер, пријател...

Но, не секогаш тоа поместување мора да биде кон друга личност. Некогаш е тоа трескање на врата, удирање во ѕид, кршење на нешто и сл.

5. Регресија 

Ова е еден од покомплексните одбранбени механизми за кои треба добро аналитичко око за да биде препознаен.

Под регресија се подразбира кога некој „бега“ од реалноста преку шаблон на однесување кој го имал во претходен период од својот развој.

Најчест пример за ова се децата кои доколку искусат некаква траума можно е повторно да го цицаат својот прст или да го мократ креветот како кога биле помали.

И возрасните се служат со регресија исто така.

Прејадување со храна која ни прави задоволство, спиење со кадифено мече, гризење моливи, враќање кај своите родители заради комфор и друго, се само дел од регресивни однесувања кои ни давале сатисфакција кога сме биле помлади, а денес како повозрасни би требало да се позади нас.

 11-odbranbeni-mehanizmi-na-egoto-shto-pretstavuvaat-i-koga-gi-koristime 02 630x340.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg