10 психолошки феномени во кои секој од нас ќе се пронајде

Во психологијата се познати голем број на когнитивни предрасуди (cognitive biases) кои всушност претставуваат отстапување од норма или рационалност во процената, при што заклучоци за други луѓе, ситуации, производи, и сл.  може да се извлечат на нелогичен начин.

10-psiholoshki-fenomeni-vo-koi-sekoj-od-nas-kje-se-pronajde 01 630x340.jpg

Во продолжение ви наведуваме некои од нив, кои всушност многу често се среќаваат во секојдневниот живот без притоа да сме свесни за тоа:

1. Ефектот на сидро

Познат и како фокализам или илузија на фокус, претставува тенденција да се потпираме на само еден дел од целата слика (најчесто првиот дел кој ни е достапен) кога носиме некоја одлука.

Маркетите многу често не фаќаат во таа замка.

На пример, можеби никој од нас не би платил за парче облека 200 евра, но кога би виделе дека на тоа парче облека иницијалната цена му била 800 евра (која најчесто е измислена само за да не фати во таа стапица и нѐ влече како сидро кон акција) тогаш многумина од нас и би се замислиле а веројатно и би го купиле мислејќи дека заштедуваат, иако сѐ што направиле всушност е дека потрошиле 200 евра.

Овој ефект е често присутен и кога споредуваме некои производи. Доколку во секвенца ни се понудени неколку слични производи, ние најдобро ги запомнуваме првиот и последниот понуден производ, а тие помеѓу само ги споредуваме со нив.

2. Дефлексија кон исход

Ова претставува тенденција да се оценува некоја наша одлука само под влијание на конечниот исход а не како резултат на сите акции и чекори кои сме ги преземале за да дојдеме до него.

Ова е многу чест пример во маркетингот, каде што производителите сакаат да нè фокусираат на купување на конкретниот производ,а притоа ние не ги запазуваме сите акции и чекори кои сме ги презеле за да дојдеме до тој исход (штедење, истражување за производот, одење на работа, не купување на друго нешто за да можеме да си го дозволиме тоа...)

Проблемот настанува кога на крајот не успеваме да го купиме тој производ или да постигнеме некакви резултати со нашите залагања и го оценуваме целото искуство како негативно, а ги игнорираме сите обиди и „жртви“ кои попатно сме ги направиле.

3. Парадокс на избор

Парадоксот е во тоа колку повеќе избор имаме, толку помалку ќе бидеме среќни со нашиот избор.

Сетете се колку пати сте купиле нешто, а потоа сте се покајале или барем сте се запрашале дали навистина го направив вистинскиот избор? Можеби требаше да го купам другиот модел или другата боја?

4. Илузија на групирање

Илузијата на групирање претставува тенденција да се гледа некаков точен и предвидлив систем во незначајни случајности.

Ова се случува заради нашата потреба да претпоставуваме за варијабилноста на настаните од мал примерок на податоци.

Многу често луѓето имаат внатрешен порив да ги предвидуваат настаните, а во тоа си „помагаат“ со некакви субјективни претпоставки на база на малку информации.

Примери за тоа од секојдневниот живот се:

„Баш сега се појави црна мачка кога одам кон интервју за работа. Сигурно нема да ја добијам“.

„Оваа бројка на рулетот се падна веќе неколку пати, сигурно во следните неколку часа нема да падне ниту еднаш“.

„Овој човек исто така бил оставен од својот партнер, сигурно сме многу слични“.

„Таа е тој знак во хороскоп а јас овој, сигурно нема да си одговараме како карактери“.

Исто така, тука спаѓаат и феномени како нумерологија (барање на значење во нештата поради само еден број), гледање на шаблони и секвенци каде што не постојат (кога ја слушам таа песна следниот ден дознавам лоши вести).

Продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg