10 психолошки феномени во кои секој од нас ќе се пронајде
5. Хевристчна предрасуда во достапноста
Ова е тенденција да се даде преголемо значење на некои информации кои ги знаеме.
Оваа предрасуда во мислењето најчесто е резултат на постојаната изложеност на некои информации кои никогаш не сме провериле дали се навистина точни, а при тоа ги слушаме секојдневно и сме ги земале здраво за готово.
Пример, во Америка секојдневно на телевизија се зборува дека тероризмот е најголемата опасност додека пак, вистината е дека имате 55% поголеми шанси токму телевизор да ви падне на глава и да ве повреди отколку терористички чин. За иронијата да е поголема, шансите да бидете повреден од чуварите на мирот (полицијата и војската) се 130% поголеми отколку да бидете повредени од терористи.
6. Тенденција на потврдување
Оваа тенденција е многу честа во секојдневниот живот.
Се случува кога луѓето ги перципираат само фактите или примерите кои одат во прилог на нивното мислење, а притоа ги игнорираат оние факти и примери кои не им одат во прилог, па дури понекогаш и ги интерпретираат извртено во своја корист.
Ви звучи познато?
Секоја дебата за политичка партија каде што има претставници на двата табора, или страсни навивачи на 2 различни тима кои тотално го игнорираат успехот на противничкиот тим, а ги прифаќаат како релевантни само успехот на својот тим или неуспехот на противничкиот тим.
7. Феноменот Baader-Meinhof
Овој феномен го дели името со милитантна западно-германска терористичка група која делувала во 70-тите години на минатиот век, иако во него всушност нема ништо страшно.
Овој феномен всушност претставува илузија на фреквентноста на нештата која нашиот мозок ја создава. Кога за првпат слушаме нешто или нешто ни станува важно, а претходно не сме имале фокус на тоа, започнуваме насекаде околу нас да го забележуваме.
Кога ќе купиме црвен автомобил почнуваме да сфаќаме колку црвени автомобили всушност имало во градов, нашиот сосед возел таков автомобил со години, сопругот на нашата пријателка купил пред извесно време, на работа исто некој зборува дека планира да купи, иако претходно не сме биле свесни за тоа.
8. Данинг-Кругеров ефект
Исто така познат и како ефект на илузорна супериорност. За жал, еден од најчесто среќаваните психолошки феномени во секојдневието.
Кај овој феномен луѓето имаат тенденција да веруваат дека се многу попаметни и поспособни од тоа што навистина се.
Парадоксот е во тоа што луѓето со ниски способности немаат вештини за да ја препознаат својата некомпетентност. Комбинацијата на мала самосвесност и ниски способности прави тие да ги преценуваат своите можности и да мислат за себе дека се далеку подобри од тоа што навистина се.
9. Барнум ефект
Ова е психолошки феномен кој се среќава кај луѓе кои препишуваат голема точност на дескрипции за својата личност и карактер, кои како да биле напишани баш за нив, а всушност тоа се општи дексрипции кои можат да бидат прецизни за голем број на луѓе.
Овој феномен дава отприлика некаква слика за тоа зошто и како луѓето веруваат во астрологија, хороскоп, нумерологија, претскажување на иднината и гатање, па дури важи и за некои психолошки тестови на личноста.
Следен пат кога ќе ви „гледаат“ на кафе, ќе читате хороскоп или ќе си направите онлајн натална карта, сетете се на овој феномен т.е. дека сигурно описот кој сте го добиле за вас може да важи и за уште мал милион луѓе на светов.
10. Питеров принцип
Питеровиот принцип најпрво се споменува во една книга од 1969 година, која требала да биде сатирична, но наеднаш станува популарен и започнуваат истражувања околу него
Иако ова не е класичен психолошки феномен, сепак е интересен за спомнување бидејќи многу често се среќава во секојдневниот живот, а веруваме дека малкумина се запрашале зошто е тоа така.
Ова е концепт на менаџмент кој вели дека вработените во хиерархиски поставена компанија се всушност унапредувани во некомпетентна улога.
Како?
Кога некој вработен е унапреден на повисока позиција, тој е вработен таму поради својата компетентност на претходната позиција. Не постои никаква гаранција дека тој ќе биде компетентен и на следната,повисока позиција.
Логично нели, бидејќи многу често истите способностите не се бараат и на следната позиција. Овој принцип зборува за тоа дека доколку некој вработен остане на една позиција без да биде унапреден повторно, тоа треба да го сфати како плато на своите способности.
Мила М. | Црнобело