Донесовте одлуки за годинава?

donesovte-odluki-za-novata-godina-povekjeНаправивте листа со она што сакате да го промените во 2011? Лесно е да ја направите, но потешко е да се придржувате до неа. Но, не мора да биде така.

 

Ова се неколку начини кои ќе ви помогнат да ги остварите целите во новата година.

donesovte-odluki-za-novata-godina

1. Бидете реални. Сигурно ги знаете своите лимити и можности па немојте да донесувате одлуки за кои знаете дека нема да се придржувате.

2. Започнете едноставно. Ништо не се случува преку ноќ. Мора да знаете дека за секоја одлука ќе мора да се потрудите и трпеливо да ја остварите.

3. Поставете ги на видливо место. Листата нека ви биде на дофат на очите. Ставете ја на ѕид во соба или на бирото на работа.

4. Споделете. Кажете им на другите што сте одлучиле. Така ќе имате повеќе мотиви за да се придржувате до тоа.

5. Вклучете некого во одлуката. Ако се трудите заедно со уште некој ќе имате предвид дека ако не ја остварите целта нема да се разочарате само себе, туку и некој друг.

6. Направете план. Не е доволно да кажете дека сакате нешто, важен е добриот план и како ќе го остварите.

7. Прифатете помош. Ако некој ви нуди помош и поддршка – немојте да ја одбивате.

8. Продолжете да се трудите. Не може секогаш да успеете од прв пат. Продолжете да се трудите и покрај падовите или повремените несупеси.

Донесовте ли и вие некои значајни одлуки и промени кои сакате да ги направите оваа година?

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи? Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-т...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg