Баба од Мексико „си гази“ на YouTube - милиони ги следат нејзините рецепти

Кога ќе ги погледнете видеата на баба Анхела од Мексико, нема да ве интересира ниту еден друг Јутубер.

baba-od-meksiko-e-hit-na-youtube-so-nejiznite-videa-za-gotvenje-01.jpg

Го имала своето деби на платформата пред само 2-3 месеци, но веќе има над 8 милиони прегледи на видеата. Интересно е што таа на никаков начин го нема промовирано нејзиниот YouTube канал, туку едноставно, прави видеа полни со љубов, што сите уживаат да ги гледаат.

baba-od-meksiko-e-hit-na-youtube-so-nejiznite-videa-za-gotvenje-02.jpg

View this post on Instagram

A post shared by De Mi Rancho A Tu Cocina (@de_mi_rancho_a_tu_cocina)

На нејзиниот канал De Mi Rancho a Tu Cocina (Од мојата фарма до вашата кујна), споделува домашно направени рецепти, најчесто од мексиканската кујна.

Најдоброто од сè е што поголемиот дел од состојките што ги користи се од нејзината фарма.

baba-od-meksiko-e-hit-na-youtube-so-nejiznite-videa-za-gotvenje-03.jpg

Покрај готвењето, Анхела често ја покажува и нејзината бавча, која сигурно ќе посакате да ја имате дома. Истовремено, прави готвењето и чистењето да изгледаат многу лесно.

baba-od-meksiko-e-hit-na-youtube-so-nejiznite-videa-za-gotvenje-04.jpg

baba-od-meksiko-e-hit-na-youtube-so-nejiznite-videa-za-gotvenje-05.jpg

Првпат го привлекла вниманието на јавноста кога нејзината ќерка почнала да ја снима во градината.

Првото видео било објавено на 20-ти август, но дури на 9-ти септември Анхела го откри нејзиното име и нејзината локација. Оттогаш, популарноста на бабичката постојано расте.

На фановите најмногу им се допаѓа скромноста, а многумина изјавиле дека ги потсетува на нивната баба.

Ова се дел од коментарите:

„Плачам кога ги гледам нејзините видеа бидејќи се многу носталгични. Навистина се надевам дека ќе имам можност да ја посетам наскоро. Muchas gracias, Dona Angela!“

„Сакам сè што правиш – сè изгледа вкусно. Ти благодарам што одвојуваш неколку минути од твоето време за да ги споделиш твоите вкусни рецепти.“

„Ги сакам нејзините рецепти и нејзината скромност, не е како сите други кои само сакаат да направат некакво видео. Те молам продолжи како досега, готви со убавина и едноставност.“

Па, ако немате идеја за следниот оброк, можете да пробате некој од рецептите на баба Анхела...

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
Најбизарните работи што ги направиле познати инфлуенсери (за лајкови и гледаност) Инфлуенсерката Руби Френки се соочува со казна затвор до 30 години за малтретира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg