Црно-бели фотографии кои раскажуваат цели приказни
Сите ние сакаме добра приказна и сме навикнати таа да е составена од зборови, но и добро знаеме како една навидум „обична“ фотографија знае да ги разбуди нашите чувства.
„Фотографијата изговара илјада зборови“ е мотото на еден фото-новинар кој вели дека нивната цел е да произведат фотографии кои се одликуваат со смелост, директност и длабочина којашто е доволно силна за да допре до оние кои немаат глас.
Верувале или не, црно-белиот ефект зазема навистина голем процент во пренесувањето на емоцијата до посматрачот. Тајната се состои во интензитетот на црно-белата техника, кој е толку јак што окото и умот веднаш ги воочуваат компонентите, субјектот и расположението коешто сака да ни го долови таа фотографија.
Експертите на ова поле велат дека емотивната моќ на црно-белата фотографија е можеби најмоќниот квалитет што го привлекува вниманието на гледачот.
Дури и фотографија од еден стар авомобил, куќа или животно може да предизвика чувства кај луѓето кои тешко може да се искажат со зборови.
За да се уверите во ова, ви издвојуваме галерија на црно-бели фотографии кои „зборуваат“ и со сигурност ќе ви раскажат приказна која во себе носи длабока порака. Уживајте:
Мила М. | Црнобело