Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите работи што треба да ги знаете пред да ја направите првата тетоважа

Одлуката да ја направите вашата прва тетоважа може да биде многу застрашувачка, без разлика колку години имате.

People-with-tattoos-tend-to-be-more-impulsive-new-study-finds-730x410_630x340.jpg

А, пред да се одлучите за вашата прва тетоважа, треба да знаете неколку работи за овој не толку едноставен процес:

Дизајнот на тетоважата

Секогаш размислете за тоа како точно сакате да ви изгледа тетоважата, и на кое место ја сакате.

Најдобро пред да го одберете дизајнот е да се советувате со вашиот тату артист кој ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука.

Одберете артист кој има веќе искуство

Кога веќе сте решиле да се истетовирате, не штедете на парите и инвестирајте во изборот кој да ви ја направи тетоважата. Не одете кај некого на кој му е прв пат и не дозволувајте некој да се учи на вас како да работи.

Секогаш изберете некој со повеќе годишно искуство, или пак изберете некој за кого сте слушнале дека добро работи и сте ги виделе неговите дела.

Хигиената на прво место

Распрашајте се за хигиената на салонот каде што сакате да ја правите тетоважата. Има многу страшни последици доколку иглата со која ве тетовираат не е добро исчистена, стерилизирана и слично.

Многу болести можат да се пренесат преку процесот на тетовирање.

43-Beautiful-Deer-Tattoo-Designs-01_630x340.jpg

Секогаш добро размислете за тоа каде ја сакате тетоважата

Секој дел од телото различно поднесува болка. Затоа пред да ја направите тетоважата убаво размислете каде ја сакате.

Јадете пред да одите на тетовирање

Не заборавајте да јадете пред да одите да се истетовирате, затоа што може да почне да ви се врти и да добиете страшна главоболка.

А, за секој случај понесете си и некое чоколатце за во текот на тетовирањето.

Негата после тетовирање

Ова можеби е и една од најважните работи кога се работи за добра тетоважа. Купете некоја крема за која ќе се советувате со вашиот тату артист и редовно мачкајте ја тетоважата.

Одржувајте посебна хигиена на местото на кое ви е направена особено првата недела-две.

Ласерско отстранување

Не секогаш оди сè по планот. Па затоа можеби нема тетоважата да ви испадне идентична како што сте си ја замислувале.

Затоа секогаш ќе имате опција да ја отстраните со помош на ласерски третман.

110000031_s_630x340.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg