Работи што треба да престанете да ги правите ако сакате побрзо да заштедите
Купување предмети околу касата
Поставувањето предмети околу касата е уште еден трик на продавниците.
Кога чекате ред за плаќање, многу е лесно да додадете уште нешто во вашата кошничка. И во овој случај, обидете се да се воздржите.
Користење предмети за една употреба
Пред сѐ, пластичните чаши и пластичниот прибор за една употреба ја загадуваат околината. Покрај тоа, овие предмети претставуваат непотребен трошок.
Подобро да инвестирате во прибор што ќе ви трае со години, наместо секој ден да купувате нов.
Технологија
Навистина е примамливо да го купите најновиот смартфон, но запрашајте се дали навистина ви треба.
Новата технологија е одличен начин да потрошите повеќе пари, па бидете внимателни.
Доколку вашиот смартфон или кој било електронски уред е во добра состојба, нема потреба да го заменувате со нов.
Книги
Доколку сакате да читате, а немате доволно пари за тоа, секогаш можете да читате електронски книги.
Понекогаш електронските книги се многу поевтини од печатените верзии, а голем број наслови можете да ги најдете и бесплатно.
Спирова С. | Црнобело