Како изгледаат највкусните вегетаријански јадења ширум светот?

Можеби некогаш било вистински предизвик да се биде вегетаријанец, но денес постојат многу јадења без месо.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-01.jpg

Многу држави ширум светот имаат вегетаријански традиционални јадења. Исто така, постојат и вегетаријански верзии на многу традиционални јадења со месо. Но без разлика какво е потеклото на овие јадења, сите имаат одличен вкус.

Погледнете како изгледаат некои од највкусните вегетаријански јадења ширум светот.

Dal bhat tarkari од Непал

Ова традиционално јадење од Непал содржи леќа, ориз, зеленчук и кисели краставички. Она што го прави јадењето уникатно е што нема еден рецепт.

Иако главните состојки воглавно се исти, секоја област во државата користи различни зачини и различен зеленчук.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-02.jpg

Soondubu jjugae од Кореја

Ова е еден вид супа со тофу, а токму тофуто му дава кремаста структура на јадењето.

И овој рецепт е прилагодлив и можете да најдете десетици различни рецепти. Некои верзии не се вегетаријански и можат да содржат морски плодови или месо.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-03.jpg

Mujaddara од Либан

Карамелизираниот кромид е она што му го дава неверојатниот вкус на ова јадење со ориз и леќа.

Рецептот за mujaddara се пренесува од колено на колено и секое домаќинство си има своја верзија.

Понекогаш ова јадење се служи како прилог со месо.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-04.jpg

Chana masala од Индија

Ова е можеби најдоброто вегетаријанско јадење од Индија. Се прави со наут, домати и многу зачини.

Во многу продавници во Индија се продава специјална мешавина од зачини, само за ова јадење.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-05.jpg

Shiro wat од Етиопија

Ова е оброк богат со протеини, а се прави со наут и грав. Најчесто се служи со injera – традиционално безглутенско лепче од Етиопија. Лепчето е тенко, со сунѓереста текстура и неретко храната се јаде со него, наместо со прибор.

kako-izgledaat-vegetarjianskite-jadenja-shirum-svetot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg