Како изгледаат највкусните вегетаријански јадења ширум светот?
Locro од Јужна Америка
Без разлика каде во Јужна Америка ќе го пробате ова јадење, во него секогаш ќе има компири. Другите состојки можат да се разликуваат, но најчесто се додава пченка, грав, тиква, киноа и сирење.
Во Аргентина најчесто се додава и месо.
Malfouf од Палестина
Ова јадење најмногу наликува на нашата сарма. Обично се прави со фил од ориз и јагнешко, замотан во лист зелка.
Сепак, постојат многу вегетаријански верзии со леќа или наут.
Tortilla de patatas од Шпанија
Ова јадење е познато и како шпански омлет. Најчесто се прави со јајца, во кои се додава кромид и парчиња компир.
Caponata од Сицилија
Многу традиционални италијански рецепти имаат месо, но голем дел имаат и вегетаријанска верзија.
Caponata се прави со модар патлиџан, целер и друг зеленчук кој се вари, а потоа се служи на парче леб.
Макарони со кашкавал од САД
Можеби најпознатото вегетаријанско јадење од САД се макароните со кашкавал.
Покрај кашкавалот, во макароните се додава млеко и путер, за побогат вкус.
Спирова С. | Црнобело