Дали работата им е уживање - Прашања што сигурно сакате да им ги поставите на машките гинеколози?
Секоја жена има безброј прашања за својот гинеколог, а понекогаш тие воопшто не се поврзани со женското здравје.
На многумина можеби им е чудно зошто еден маж би сакал да биде гинеколог, па имаат многу прашања во врска тоа.
Зошто станале гинеколози и дали се соочуваат со искушенија се само некои од нив, а доколку и вие сте си ги поставиле овие „срамни“ прашања, сега конечно ќе ги добиете одговорите.
Како мажите добиваат желба да станат гинеколози?
Одговорот на ова прашање е индивидуален. Некои едноставно се фасцинираат од комплексната женска анатомија. Истовремено, овде е и породувањето, односно донесувањето нов живот на овој свет.
На свој начин, гинеколозите придонесуваат за создавањето на секој нов живот.
Дали го поврзуваат уживањето со работата?
Можеби понекогаш сте помислиле дека гинеколозите ја работат нивната работа од задоволство, но ретко кој размислува така.
Можеби младите студенти и практиканти ќе размислуваат така, но со текот на времето ќе престанат. Гинеколошките прегледи ќе им станат рутина и нормала.
Може ли гинекологот да познае колку често имате секс?
Гинеколозите не можат да познаат колку често имате секс. Сепак, кога жената е во менопауза, може да се познае.
Причината е што после менопаузата, нивото на естроген во женските тела се намалува, а со тоа може да се стесни вагината. Понекогаш ова стеснување го прави самиот преглед невозможен.
Во овој случај, од помош се естрогенот или механичкото ширење, односно секс. Па, понекогаш гинекологот може да познае дали жената имала секс. Сепак, ова воопшто не го интересира.
Како се справуваат со искушенијата?
Ова е навистина едноставно. Замислете си дека сте на нудистичка плажа, опкружени со голи тела. Голотијата не е секогаш причина да се размислува за секс.
На овие места многу ретко ќе добиете желба за секс, а истото важи и за гинеколозите во нивната ординација.
Дали гинеколозите добиваат неморални понуди?
Ова може да му се случи на секого - од флертување и директни понуди, па сè до демнење.
Интересно е што се покажало дека многу често, жените не ги гледаат нивните гинеколози како личности и привлечна им е само нивната улога на доктор.
Тие само знаат дека тоа е маж кој ги слуша и разбира. Но, од овде потекнуваат само недоразбирања, а не љубов.
Дали пациентките ги прашуваат гинеколозите за изгледот на нивната вагина?
Ова се случува сè почесто. Без разлика дали грижата за изгледот на вагината е поради партнерот или некој филм, многу жени се несигурни во врска со тоа.
Бидејќи не можат самите добро да се „прегледаат“, ова прашање им го поставуваат на својот гинеколог.
Постојат ли гинеколози кои не сакаат жени?
Нормално е понекогаш да добиете такво чувство. Сепак, жените се чувствуваат навистина неудобно за време на прегледот бидејќи им се изложени интимните делови.
Ако гинекологот се однесува ладно или грубо, неудобноста само ќе се зголеми. Но, бројот на вакви гинеколози е мал.
Доколку се чувствувате неудобно кај вашиот гинеколог и имате чувство дека ве мрази, можеби најдобро е да го промените.
Спирова С. | Црнобело