Генијално или бизарно: Перничка за деколте?!

Компанијата за перници Sleep & Glow направила перница која наводно го спречува создавањето на брчки во областа на деколтето.

genijalen-izum-ili-bizarna-ideja-pernica-protiv-pojavata-na-brchki-na-dekolteto-01.jpg

Оваа „перница градник“ е направена од чипка, има прерамки како на градник, се става меѓу градите и чини дури 69 долари.

genijalen-izum-ili-bizarna-ideja-pernica-protiv-pojavata-na-brchki-na-dekolteto-02.jpg

Од компанијата изјавиле дека цената е толку висока бидејќи перницата била направена од природна свила, чипка и памук. Истовремено, нејзините прерамки биле уникатни, бидејќи се прилагодувале до големина XXL.

genijalen-izum-ili-bizarna-ideja-pernica-protiv-pojavata-na-brchki-na-dekolteto-03.jpg

На Instagram, компанијата тврди дека брчките на вратот и градите се појавувале во текот на ноќта. Во текот на денот, градникот ги поддржувал градите и го намалувал ефектот на гравитацијата.

Но, навечер многу жени го вадат градникот и забораваат дека на градите им е потребна поддршка и навечер, но од друг агол.

genijalen-izum-ili-bizarna-ideja-pernica-protiv-pojavata-na-brchki-na-dekolteto-04.jpg

Не е јасно од кога се продава овој продукт, но го привлече вниманието на јавноста откако новинарката Оливија Месер ја забележала рекламата.

Таа веднаш ја сподели веста на нејзиниот Twitter профил, прашувајќи „Што по ѓаволите е ова?“

https://twitter.com/OliviaMesser/status/1174480685765189632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1174480685765189632&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.insider.com%2Fpillow-bra-designed-to-prevent-cleavage-wrinkles-2019-9

Набрзо се покажа дека голем број жени го делат нејзиното мислење. Дел од нив истакнале дека овој производ е сосема непотребен и дека ќе направи жените да се чувствуваат несигурно во своите тела.

https://twitter.com/joesabin/status/1174495612768784386?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1174495612768784386&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.insider.com%2Fpillow-bra-designed-to-prevent-cleavage-wrinkles-2019-9

„Брчки на деколтето? Како што старееме, се појавуваат брчки. Тоа е животот. Ова е смешно.“

„Немам енергија да се грижам за уште еден вид брчки.“

„Како преживеав 42 години без да сфатам дека на моите гради им треба перница навечер?“

Некои жени, пак, изјавиле дека специјалната перница може да биде од помош за жените со поголеми гради. Нo, тоа немало никаква врска со брчките на деколтето.

„Како жена со големи гради, ја сфаќам желбата за нешто што ќе ги оддели градите кога спиете на страна. Обично јa користам блузата за спиење за ова, но специјализирана перница би помогнала. Но, ова е заради потењето, а не заради брчките.“

Имало и жени што навистина биле задоволни од производот и неговата оригинална намена:

„Одличен производ. Гo користам три недели и почнувам да го гледам ефектот. Брчките на моето деколте почнаа да се намалуваат.“

После вревата на Twitter, се огласиле и од компанијата:

„Не очекувавме дека нашата реклама ќе започне толкава дискусија. Нашиот градник перница е за дамите кои се загрижени за брчките на деколтето. Во никој случај не сакаме да предизвикаме грижа кај жените што ги немаат. Секоја жена може да избере дали ќе биде загрижена или не за овој проблем.“

Што мислите вие? Дали ова е генијален изум, или само уште една бизарна идеја?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg