Бонтон правила на кои вашата баба би се гордеела да ги знаете
Модерните деца почнуваат да забораваат на бонтон правилата и почнуваат да измислуваат свои правила и начин на живот кој нашите баби не би го поддржале.
Иако можеби некои од овие правила се стари, тоа не значи дека веќе не треба да се почитуваат бидејќи културата нема рок на траење.
Сигурно голем дел од нив сте ги слушнале веќе 100 пати, но никогаш не е лошо да се повторат правилата кои треба да ви бидат врежани засекогаш во глава.
Вашата баба би се гордеела ако ги применувате следниве правила на однесување:
Не ја ставајте чантата на маса, ниту на земја
Кога одите во кафуле или ресторан, независно дали е мала или голема чантата, никогаш не ја ставајте на маса, ниту пак на земја. Истото важи и за очилата за сонце, телефонот и клучевите. Чантата стои на столче, а сите додатоци во неа.
Ако сакате да се чешлате или шминкате – не фаќајте место пред мијалник
Кога сте во јавен тоалет, но само за да си го поправите изгледот и шминката, не застанувајте пред огледалото на место каде има мијалник. Имајте обѕир кон другите луѓе кои чекаат да измијат раце, додека вие се чешлате...
Не раскинувајте преку порака
Забрането. Важните работи се разговараат во живо, посебно кога станува збор за раскинување врска.
Секогаш пишувајте известување кога доцните
Треба да бидете свесни дека е некултурно да не го почитувате туѓото време и да оставите некој да ве чека, посебно без известување. Кога знаете дека ќе задоцните, одвојте 20 секунди да пишете порака.
Тргнете ги електронските уреди додека јадете
Независно дали сте во ресторан или дома, поминувајте ги оброците без да бидете фокусирани на мобилниот, посебно кога сте во нечие друштво. Зошто воопшто излегувате со некого ако планирате времето да го поминете на телефон?
Избришете ја устата со салфетка пред да се напиете нешто
Секогаш е подобро да ја избришете устата со салфетка од страните пред да се напиете пијалак, за да бидете сигурни дека нема некои остатоци од храната да останат на чашата.
Не барајте да ви го спакуваат јадењето од бизнис ручек или состанок
Иако нема ништо лошо во тоа да побарате да ви ја спакуваат храната која од разни причини не сте ја изеле, тоа не треба да го правите во случај на бизнис состанок.
Доколку побарате да ви ги спакуваат остатоците, бизнис партнерите или потенцијалните партнери може да помислат дека сте очајни што мора да ја барате храната од ресторанот од дома (посебно ако не сте ја платиле вие).