Зошто се чувствуваме како да немаме енергија кога се менуваат годишните времиња?

Многумина нема да ја чувствуваат промената на сезоната само по темпратурите, туку и по недостаток на енергија. Се проценува дека секое друго лице во овој период има симптоми на хроничен замор.

zoshto-se-chuvstvuvame-kako-da-nemame-energija-koga-se-menuvaat-godishnite-vreminja-01.jpg

Хроничниот замор, меѓу другото, се манифестира со исцрпеност, безволност, замор, главоболка и вртоглавица.

Зошто се случува ова?

Количината на светлина се намалува, деновите стануваат пократки, ноќите подолги, сите доаѓаме од опуштена атмосфера од одмор, назад кон работните обврски и очекувања, од нас самите и од околината.

Eve zosto se cuvstvuvame kako da nemame energija koga se menuvaat sezonite 01

Симптомите на хроничен замор се четири пати почести кај жените, отколку кај мажите. Тие се, исто така, почести кај оние во четириесеттите години.

Хроничниот замор може да биде неспецифичен симптом на многу состојби, вклучувајќи ги и менталните. Тоа е резултат на хроничен стрес и изложеност на животната средина.

Кога заморот трае подолго од шест месеци и не може да се излечи дури и со одмор, побарајте лекарска помош.

Eve zosto se cuvstvuvame kako da nemame energija koga se menuvaat sezonite 02

Понекогаш кај хроничниот замор се појавува и несоница. Основните симптоми се пад на енергија, пад на мотивација за работа или нови случувања и предизвици и слично.

Обидете се да го спречите заморот, за почеток, со добар ноќен сон, а потоа,  треба да се откажете од некои лоши животни навики.

Шетајте, релаксирајте се, одморете се после работните денови. Бирајте ја вашата храна. Јадете умерено, но разновидно.

Консумирајте зеленчук, морков, свежа зелка, краставица... Овој зеленчук е богат со минерали кои ќе го ревитализираат вашиот организам.  Она што треба да се избегне се поголеми количини на кофеин, алкохол, брза храна и пекарски производи.

И секако, не ги земајте сите работи „при срце“, не дозволувајте тмурните и ладни денови да ви влијаат на психата, работата е подеднаква иста во секое годишно време, па не ја губете мотивацијата. 

Најдете убавина во секој период и секогаш правете паузи кога ќе почувствувате дека сте се префорсирале со работа. Не дозволувајте менувањето на сезоната да влијае на вашето секојдневие.

Eve zosto se cuvstvuvame kako da nemame energija koga se menuvaat sezonite 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg