Кои биле темпларите и каде се денес?
Витезите темплари биле една од првите и најпознатите европски христијански воени редови чија мисија, барем наводно, била да ги бранат и шират своите верски убедувања.
Редот на темпларите започнал во 1118 година, околу две децении откако европските крстоносци го освоиле Ерусалим.
Францускиот витез Хуго де Паен и осуммина негови колеги ги нуделе своите услуги на христијанскиот крал Балдвин Втори и ветиле дека ќе го бранат градот од сите непријатели.
Балдвин им ја подарил џамијата Ал Акса, каде што кралот Соломон првично го изградил храмот во Ерусалим.
Ова е причината зошто витезите се нарекле „Pauperes commilitones Christi Templique Solomonici“, односно „Ред на сиромашните витези на Христос и храмот на Соломон“. Ова име било скратено во Редот на Храмот или темплари.
Во текот на следните два века, темпларите прераснале во една од најмоќните организации во средновековниот свет.
Нивните воини, кои носеле карактеристични бели наметки украсени со црвен крст преку својот оклоп, здобиле репутација на силни, дисциплинирани и упорни. Редот се колнел на целосна и несомнена послушност кон нивните водачи.
Тие се бореле жестоко, во согласност со Редот и правилата на Редот. Доколку некој војник бил осуден за кукавичлук, му се одземал мантилот и бил принуден да јаде од подот една година, како куче.
Со текот на времето, темпларите станале дел од политичката и економската моќ, а папите ги наградувале со ослободување од сите даноци.
Голем број на невоени членови го користеле своето растечко богатство за да купат земја и да создадат финансиска империја, која функционирала како еден од првите банкарски системи во Европа. Тие постепено ја преземале и контролата врз владата во Ерусалим.
Откако муслиманите повторно ја презеле контролата врз Ерусалим, кон средината на 13 век, богатството на темпларите започнало да слабее. Нивниот неуспех да ја задржат Светата земја и гласините за нивните тајни ритуали ѝ наштетувале на репутацијата во која уживале.
Кон почетокот на 14 век, францускиот крал Филип IV, кој позајмувал пари од темпларите, решил да избегне да го врати својот долг и да го уништи редот. Филип успешно го принудил папата Клемент Петти да ги прогонува темпларите со обвинувања за ерес.
Многумина биле мачени и убиени.
Клемент официјално ги распуштил темпларите во 1312 година. Наследството на темпларите преживеало и во вековите што следувале.
Организацијата прерасна од воена сила во братски и филантропски поредок. Денес, темпларите се наоѓаат на официјалниот список на невладини организации на Обединетите Нации.
Ашера | Црнобело