Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто принцот Чарлс секогаш носи прстен на малиот прст?

Кога станува збор за кралската мода, изгледа дека жените се секогаш во центарот на вниманието.

zoshto-princot-charls-sekogash-nosi-prsten-na-maliot-prst-01.jpg

Сите знаеме за костимите на кралицата Елизабета со живи бои, класичниот стил на војвотката од Кембриџ и прекршувањето на кралскиот протокол на Меган Маркл.

Но, постои уште едно кралско модно правило за кое зборуваат малкумина – прстенот што принцот Чарлс го носи на малиот прст.

Овој прстен не е веренички, но и вереничкиот прстен, Чарлс го носи на левиот мал прст.

zoshto-princot-charls-sekogash-nosi-prsten-na-maliot-prst-02.jpg

Прстенот на Чарлс се носи на недоминантната рака и овој вид прстени потекнуваат уште од библиски времиња. На прстените е изгравиран грбот на семејството или личниот потпис, со што може да се покаже социјалниот статус на личноста што го носи.

Наводно, членовите на средната класа ги користеле овие прстени за да покажат дека се од повисока класа, бидејќи немале свој грб.

Чарлс е фотографиран како го носи прстенот уште од 70-тите, а и принцезата Дијана имала еден.

zoshto-princot-charls-sekogash-nosi-prsten-na-maliot-prst-03.jpg

Бидејќи семејството на Кејт Мидлтон добило свој грб пред нејзиниот брак со принцот Вилијам, и членовите на нејзиното семејство се забележани како носат прстен со нивниот грб.

Овие симболични прстени не се задолжителни за членовите на кралското семејство, но на суптилен начин го прикажуваат нивниот статус и нивната гордост.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg