Постојат три вида на вербална комуникација - каква практикувате вие?
Дали мислата дека другите не ве слушаат ве фрустрира? Дали се вознемирувате кога партнерот не може да ве чуе? Дали честопати влегувате во конфликти со луѓето што ги сакате поради недоразбирање?
Постојат различни видови на комуникација. Комуникацијата е клучот за здрава врска, без разлика дали е љубовна, пријателска или семејна.
Нашиот живот се состои од врски, а врските се засноваат на комуникација. Постојат три вида на вербална комуникација: пасивна, агресивна и уверена.
На кој начин вие комуницирате?
Пасивната комуникација е покорна и доста нездрава, бидејќи подразбира дека не ги почитувате вашите потреби, што може да доведе до чувство на огорченост, лутина и ментална исцрпеност.
Агресивната комуникација е, исто така, нездрава, затоа што не ги почитува потребите на соговоникот. Тоа е насилна комуникација, форма на доминација.
Уверена комуникација е здрава комуникација, од една страна го почитувате вашиот соговорник, од друга страна сте сигурни во себе. Почитувањето секогаш треба да биде взаемно.
Доколку речениците ги започнувате со „Јас“, ова ви овозможува да ги имате сопствените мислења и чувства. Исто така, ќе избегнете обвиненија и напади.
Изјавата: „Јас сум повредена кога доцниш два часа и не одговараш“ покажува многу поголема почит од изјавата: „Ти си бесчувствителен, бидејќи доцна доаѓаш дома“. Тоа е напад и кавга.
Дали ја забележувате разликата?
Невербалната комуникација, исто така, може да се класифицира како нездрава, бидејќи содржи претпоставки, очекувања и недоразбирања.
Треба да кажувате што ви е на ум, бидејќи никој не знае да чита мисли, без разлика колку сте блиски, а недоразбирање може да доведе до погрешни заклучоци.
Ашера | Црнобело