5 пријателки кои секоја жена треба да ги има

Сите ги имаме и без нив животот е незамислив. Пријателки. Тие се со нас кога ни е најдобро и кога ни е најтешко. Понекогаш можат да ни бидат поважни од семејството. Некои се секогаш со нас, некои се со нас само кога станува збор за луди забави, а некои се одлични советници.

5-prijatelki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-001.jpg

Точно е дека пријателите не треба да се разделуваат, но факт е дека на сите жени им се потребни следните пет пријателки во животот:

Позитивка

Која е таа? Без разлика дали сте пријателки уште од рана возраст или од неодамна, Позитивката ја опишува позитивниот поглед кон светот.

Зошто ни е потребна во животот? Оваа пријателка е како сончево пролетно утро. Се чувствувате посреќно и подобро кога сте со неа. Не само што ќе ви го подобри расположението, туку ќе ве поттикне да ги правите работите за кои можеби немате храброст.

5 prijatelki koi sekoja zena treba da gi ima 02

Советничка

Која е таа? Колешка од работа, постара сестра или мајка, односно личност која секогаш ви дава најдобар совет.

Зошто ни е потребна во животот? Таа е мудра и ништо не може да ја шокира или изненади. Таа нема да ве осуди, наместо тоа, ќе биде тука за вас и ќе ви даде најдобар можен совет за секоја ситуација.

5 prijatelki koi sekoja zena treba da gi ima 03

Пријателка од детството

Која е таа? Еден и единствен пријател што ве познава барем половина живот, ако не и цел живот.

Зошто ни е потребна во животот? Едноставно е, затоа што таа секогаш нè разбира. Таа ја познава нашата душа и ги толерира сите наши маани.

5 prijatelki koi sekoja zena treba da gi ima 04

Искрена пријателка

Која е таа? Најискрената личност што ја познавате, која секогаш ви ја кажува вистината. Може да ви биде сестра или другарка што сте ја запознале на факултет или на работа.

Зошто ни е потребна во животот? Затоа што понекогаш сакаме да ја знаеме вистината, особено кога станува збор за нашата коса, нашиот изглед или нашето однесување.

Ова не се однесува само на тривијалните работи, вашата брутално искрена пријателка ќе ви каже што мисли за вашиот партнер без двоумење.

5 prijatelki koi sekoja zena treba da gi ima 05

Пријателка без која не можете

Кој е таа? Тоа сте вие!

Зошто? Како да се дружите со себе? Па, сè започнува со самореализација. Да се запознаете себеси е неверојатна авантура. Размислете за работите што ги сакате кај другите луѓе во вашиот живот, колку можат да бидат искрени и грижливи, и запомнете ја безусловната љубов што ви ја даваат.

Зарем тоа не го опишува она што треба да го чувствувате за себе? Ако не се сакате и цените себеси, тогаш како ќе им го дадете истото на другите?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg