Неколку мажи ги побиваат митовите што повеќе не сакаат да ги слушаат за нив
Мажите мораат да сакаат спорт
„Постои верување дека ако не сакаме барем еден спорт, дури до опсесија, тогаш не сме вистински мажи.“
Мажите се неуредни
„Секогаш јас сум бил уредниот во моите врски. Сакам да чистам. Ми причинува задоволство да го средувам домот.“
Мажите изневеруваат
„Мразам кога ќе кажат дека сите мажи изневеруваат. Не сме сите такви. И ние можеме да бидеме лојални.“
На мажите не им треба емпатија
„Постои верување дека мажите никогаш не сакаат некој да ги ислуша и да се сочувствува со нив. Ова потекнува од митот дека жените само сакаат некој да ги ислуша, додека мажите сакаат совет.“
Сите мажи се исти
„Ги мразам коментарите од типот ’сите мажи се исти‘. Не, не сме сите исти.“
Мажите не се добри родители
„Ако сум со мојата ќерка, не сум дадилка, туку сум татко.“
На мажите им се допаѓа кога жените се прават недостижни
„Не, не ни се допаѓа. Си имам заминато неколку пати откако девојките се однесуваа незаинтересирано. Не бев злобен, туку се тргнав од девојка која се однесуваше како да не ја интересирам.“
Мажите не дискутираат чувствителни теми со нивните пријатели
„Понекогаш со пријателите разговараме за тоа како сме и се поддржуваме кога не се чувствуваме добро. Не знам од каде потекнува мислењето дека не зборуваме за нашите чувства и дека сме роботи.“
Спирова С. | Црнобело