11 држави со најдобар образовен систем во светот
Холандија
Според извештајот на УНИЦЕФ од 2013-та година, децата од Холандија се најсреќните во светот. На училиште не им даваат многу домашни, а учениците пријавуваат кога чувствуваат притисок или стрес. Училиштата се поделени на верски и „неутрални“ и има мал број приватни училишта.
Катар
Благодарение на проектот Vision 2030, образованието во Катар се подобрува. Училиштата што ги финансира државата нудат бесплатно образование само за тамошните жители, а оние од странство најчесто ги праќаат децата во приватно училиште.
САД
Во учебната 2016/17, САД беше домаќин на над милион меѓународни студенти. Интернационалниот упис на студенти се зголемувал целата мината деценија.
Финска
Финска е позната по тоа што нема никакви ограничувачки системи. Сите ученици, без разлика на нивните способности, учат во исто одделение. Поради ова, разликата помеѓу најслабиот и најдобриот ученик е најмала на светот. Покрај тоа, тамошните ученици имаат многу малку домашна работа и имаат само еден задолжителен тест во 16 години учење.
Сингапур
На тестовите од Програмата за меѓународни студенти, со кои се мерат и споредуваат резултатите на студенти од различни држави, Сингапур има навистина висока оценка. Сепак, за оваа држава е познато дека ги изложува учениците на голем стрес во раните години од нивното образование.
Швајцарија
Во Швајцарија само 5% од учениците одат во приватни училишта. Во зависност од регионот, часовите се изведуваат на разни јазици, од кои најчести се германскиот, францускиот и италијанскиот. Од средно училиште, учениците се делат во зависност од нивните способности.
Спирова С. | Црнобело