Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 држави со најдобар образовен систем во светот

Според предвидувањата на Светскиот иновативен самит за образование, до 2030-та година можеме да очекуваме значајни промени во образованието ширум светот.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-01.jpg

Се предвидува дека училиштата ќе станат интерактивно опкружување во кое иновациите и технологијата во наставните програми значително ќе ја променат улогата на наставникот и ќе го изменат самиот начин на учење.

Но што е со сегашните образовни системи ширум светот? Секоја година, Светскиот економски форум објавува извештај во кој ги рангира државите на основа на светската економија. Во извештајот е вклучена и оценка за основното образование.

Во 2018-та година, следниве држави имале најдобар образовен систем:

Норвешка

Норвешка го финансира секое ниво од образовниот систем. Државното образование е бесплатно, а исклучок се градинките – родителите плаќаат данок за ова. Процентот од буџетот што се издвојува за образование е еден од најголемите во споредба со другите држави.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-02.jpg

Нов Зеланд

Универзитетите и другите образовни институции од Нов Зеланд се насекаде познати по нивните стандарди. Образованието во оваа држава им овозможува континуирана настава и напредок во учењето на учениците, па знаењето стекнато на едно ниво ги поставува темелите за понатамошното образование.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-03.jpg

Германија

Германија е позната по своите добри универзитети, но и овде образованието постојано се менува. Во изминативе неколку години имаше реорганизација на гимназиите, а кај универзитетите е применета Болоњската декларација. Целта на ова е поголемо вработување на германските студенти ширум целиот свет.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-04.jpg

Канада

Квалитетот на образованието и животниот стандард во Канада се едни од највисоките во светот. Сепак, трошоците за животот и школарината на меѓународните студенти се значително пониски за разлика од другите држави. Поради ова, Канада е чест избор на студентите од странство.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-05.jpg

Ирска

Повеќето средни училишта во Ирска се приватни, но сепак се финансирани од државата. Истовремено, постојат сеопфатни и стручни државни училишта. Но поради финансиската криза, буџетот за образованието на државата се намалил за 15%.

drzhavite-so-najdobrite-obrazovni-sistemi-vo-svetot-06.jpg

Погледнете ги останатите држави на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5-те најскапи училишта во светот – над 100.000 евра за една година Знаевте ли дека петте најскапи училишта за основци и средношколци се наоѓаат во ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
5 „себични“ работи што ќе ве направат посреќна личност Да поставите граници, да кажете „не“ – некои работи можеби делуваат себично, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg