„Исхраната е клучна!“ – Зошто Тесла никогаш не јадел и имал толку многу енергија, иако не спиел доволно?

„Зошто да го оптоваруваме телото коешто ни служи? Јадам два пати дневно и ги избегнувам сите намирници коишто создаваат киселина. Спиење? Јас ретко спијам. Некогаш отспивам по еден час. Понекогаш, сепак, на секои неколку месеци, спијам по 4 до 5 часа. Тогаш ќе се разбудам и сум целосно полн со енергија, како батерија.“

Zosto-Tesla-nikogas-ne-jadel-01.jpg

Секаде во светот се сложуваат дека Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативните личности коишто ги имало човештвото.

На своите големи проекти работел до крајот на животот, еднакво енергичен и фокусиран како кога ги почнал за прв пат.

Иако знаеме дека дел од енергијата ја чувал така што водел аскетски, асексуален и повлечен живот, сепак останува прашањето од каде извирала неговата енергија дури и во годините на длабока старост?

Дел од овие одговори може да ги најдеме во неговото интервју од 1933 година, кога Тесла имал 77 години.

Најважните навики се стекнуваат во младоста

„Состојбата на нашето тело и дух во староста е во потполност сведоштво за тоа како сме ја поминале нашата младост. Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во фактот дека во младоста живеев таканаречен, живот без пороци.“

Секако тој живот полн со доблести бил нужност за некој што од мали години себеси си поставувал големи цели, а тоа подразбирало строга дисциплина.

„Не сакам никаков одмор, никаков престанок на тешката работа. Кога луѓето би ја бирале работата во склад со својот темперамент, вкупната количина на среќа на земјата би била неизмерливо поголема.“

Како Тесла ја планирал долговечноста?

„Пред сè, ние јадеме премногу, но тоа сме го слушнале толку многу пати. И јадеме погрешен вид на храна и пиеме погрешен вид на течности. Најмногу штета нанесува прејадувањето и недостатокот на вежбање, што создава токсична состојба во телото и го прави невозможно отфрлањето на насобраните отрови.“

Тесла пиел многу вода и млеко и внимавал на својот стомак. Што вклучувале главните состојки на неговата исхрана?

Повеќето луѓе јадат премногу мешункасти плодови коишто содржат уринска киселина. Иако рибиното месо е добро за мозокот, тоа создава многу јака кисела реакција заради големите количини на фосфор. Киселоста на организмот е наш најголем непријател во староста.“

Тесла потврдил дека избегнува месо во едно интервју од 1935 година:

„Ги избегнувам сите стимуланси. Скоро целосно избегнувам месо. Уверен сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите, ќе излезат од мода. Алкохолот сепак, сè уште ќе се употребува.“

Исто така Тесла многу ги фалел компирите.

„Компирот е одличен и треба да се јаде секојдневно. Тој содржи драгоцени минерални соли и има неутрализирачко својство.“

Тесла и вежбањето

„Верувам дека треба многу да се вежба. Јас одам 8 до 10 милји секој ден и никогаш не земам такси или други превозни средства кога имам време да ја користам силата на моите нозе.

Исто така, вежбам секој ден и преку капењето, бидејќи сметам дека тоа е многу важно. Користам топло бањање, после кое долго се туширам со ладна вода.“

Спиењето на Никола Тесла

„Спиење? Јас ретко кога спијам. Доаѓам од фамилија со долговечни луѓе, кои се познати по тоа што не спиеле многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и дека ќе живеам барем 100 години.

Моето неспиење не ме загрижува. Некогаш отспивам по еден час. Понекогаш, сепак, на секои неколку месеци, отспивам по 4 до 5 часа. Тогаш ќе се разбудам и сум целосно полн со енергија, како батерија.

После таква ноќ, ништо не може да ме запре. Тогаш чувствувам голема сила. Не постои сомнеж дека сонот е обновувач, давател на животот, дека тој ја зголемува енергијата. Од друга страна пак, не верувам дека е неопходен за нечие здравје, особено ако е тоа некој што по навика малку спие.“

Еве што рекол Тесла на свои 77 години:

„Никогаш во животот не сум се чувствувал подобро. Енергичен сум, силен, во целосна контрола на својот ментален склоп. Ни во најдобрите години не сум поседувал енергија каква што поседувам денес.

И што е уште поважно, за решавање на проблемите користам само дел од енергијата со која располагам, бидејќи научив како да ја чувам.

Спротивно на раширеното верување, работата станува полесна во староста, само ако луѓето имаат добро здравје. Тие со текот на годините научиле како да дојдат до целта користејќи го најкраткиот пат“

– заклучил Тесла во далечната 1933 година.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg