Популарни митови за земјите, во кои сите залудно веруваат, а локалците ги нервираат
Сите Британци имаат ист акцент
Многумина мислат дека сите Британци зборуваат со еден ист акцент, добро препознатлив за сите, но во суштина само 2% од популацијата зборува така, бидејќи и таму има многу различни акценти.
Во Франција сите јадат само жабји батаци
Иако ова е традиционален француски специјалитет, сепак не е толку популарен како што замислуваат странците.
Многу често ова јадење го има само во туристичките локали, а кога станува збор за Французите, тие преферираат пилешко месо или свински батаци.
Во Австралија сè што лета, лази и се движи сака да ве убие
Иако во Австралија се наоѓаат голем број смртоносни животни како отровни змии, опасни пајаци, медузи и крокодили, сепак луѓето претеруваат кога велат дека постојано сте во опасност од смрт. Сепак, луѓе живеат и таму…
Сите Швеѓани им се восхитуваат на ABBA
Всушност мислењето на овој народ за популарниот бенд е поделено – едни го ценат нивниот придонес во музиката и културата на земјата, но во Шведска има и луѓе што апсолутно не ги сакат и не се воодушевуваат и ги сметаат за примитивни.
Прочитајте и „Не сме сите гладни во Етиопија“ - Reddit корисници ги побиваат стереотипите за своите земји
М. М. | Црнобело