Ковчегот со божјите заповеди и уште 7 најмистериозни археолошки пронајдоци на Земјата

Мистериозните артефакти од минатото навистина можат да ѝ го привлечат вниманието на јавноста, најмногу поради тоа што е навистина лесно да си замислувате што значат и за што се користеле.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-01.jpg

Денес во светот има безброј археолошки пронајдоци, но следниве осум се некои од најчудните.

Механизмот Антикитера

Овој артефакт е стар најмалку 2.000 години и е пронајден на потонат брод во Грција. Направата е направена од бронза и е составена од запчаници.

На почетокот се мислело дека е некој инструмент за навигација, но археолозите постојано откриваат нешто ново. Засега се знае дека овој механизам бил навистина прецизен астрономски календар.

Ова е најсофистицираната направа пронајдена од тој период, а други слични се забележани дури после 1.000 години.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-02.jpg

Гробницата на Клеопатра

Клеопатра е последната од владетелите познати како Птолемеи кои владееле со Египет помеѓу 305-та и 30-та година п.н.е. За Клеопатра и нејзината убавина се знае многу, но нејзиниот гроб и денес е опкружен со мистерија.

Клеопатра и Антони извршиле самоубиство откако нивниот поранешен сојузник, Октавијан, ги победил во 31-ва година п.н.е. Двајцата биле закопани на место во близина на храмот на египетската божица Исис.

Сепак, точната локација на гробницата останува мистерија. Доколку некој сепак ја најде, големи се шансите да биде празна, бидејќи ограбувањето на гробови било чест „занает“ во минатото.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-03.jpg

Гробницата на Ки Ши Хуанг

Во 1974-та година, фармерите од кинеската провинција Шаанкси го откриле едно до најголемите археолошки пронаоѓалишта на 20-тиот век – армијата од теракота со природна големина на императорот Ки Ши Хуанг.

Самите фигури не се мистериозни и познато е дека се направени за да го заштитат императорот во задгробниот живот. Но, она што не се знае е каде точно е закопан императорот и што би можело да има во неговата гробница.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-09.jpg

Линиите Наска

Доколку ги гледате од Земјата, линиите Наска во Перу нема да ве воодушеват. Но доколку ги погледнете од воздух, ќе останете без зборови. Овие огромни ремек-дела прв па биле забележани од комерцијален лет во 1920-тите и 1930-тите.

Постојат стотици вакви цртежи на кои се прикажани геометриски форми, животни растенија и измислени фигури. Цртежите се направени пред околу 2.000 години, од страна на луѓето од цивилизацијата Наска.

Намената на овие цртежи останува мистерија, па инспирира безброј теории на заговор. Најверојатно линиите се еден вид комуникација на луѓето Наска со нивните богови.

najmistestrioznite-arheoloshki-pronajdoci-na-zemjata-04.jpg

Погледнете ги останатите откритија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg