Зошто понекогаш е добро да бидете себични?

zoshto-ponekogash-e-dobro-da-bidete-sebichni-2.jpg

Ќе станете поиздржливи

Кога ќе имате време да се грижите за себе, ќе можете подобро да се справите со сите тешкотии во животот. Секој од нас поминал низ некој тежок период, а сигурно истото важи и за вас. Доколку сте одморени и внимавате на себе, многу полесно ќе ги надминете овие периоди.

Ќе ја сфатите вашата вредност

Кога ќе сфатите колку всушност вредите, ќе почнете подобро да се грижите за себе. А со ова пак само ќе ја зголемувате вашата вредност. Во овој случај, да бидете себични значи да бидете свесни дека и вие заслужувате грижа и внимание.

Нема да живеете според туѓите очекувања

Кога не покажувате ни малку себичност, им дозволувате на другите да владеат со вашиот живот. Секогаш сте достапни за сите и живеете според нивните правила. Можеби не сакате да ги разочарате саканите личности, па прифаќате што ѝ да побараат од вас.

Па наместо постојано да ги слушате сите, понекогаш бидете себични и направете го она што го сакате само вие.

Повеќе ќе го цените квалитетот од квантитетот

Денес постои феномен наречен „страв од испуштање“. Ова значи дека ги прифаќате сите покани за сè и од секого од страв дека ќе испуштите нешто важно и мислите дека тоа е правилно. Но веројатно барем во половина од случаите воопшто не ви се оди на тој настан или не сакате да ја видите таа личност.

Едноставно, понекогаш само сакате да останете дома со книга или филм. Себичноста ќе ви го овозможи токму ова.

Вашите врски ќе се подобрат

Како што веќе напоменавме, за да можете да се грижите за другите, мора прво да се грижите за себе. Доколку не сте во добра состојба, нема да можете да им ја возвратите љубовта на саканите. Но кога ќе одвоите време и за себе, ќе бидете посреќни, позадоволни и ќе имате енергија за вашите врски.

Ќе бидете попродуктивни

Бидејќи ќе се чувствувате подобро, ќе бидете мотивирани да ги завршите вашите обврски. Ќе можете да работите, да се грижите за семејството и да завршите повеќе работи без да се запоставите.

Нема да ви биде потребна туѓата грижа

Доколку постојано се грижите за некој друг, ќе треба некој да се грижи и за вас. Но кога самите ќе го правите тоа, нема да зависите од другите. Запрашајте се, дали сакате да ѝ бидете товар на некоја сакана личност само затоа што премногу се грижите за другите?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg