Зошто понекогаш е добро да бидете себични?

Себичноста има навистина лоша репутација, па е одлика што речиси секој се обидува да ја избегне. Но дали навистина е толку лошо да бидете себични? Во некои ситуации, важно е на прво место да се ставите вие и вашите потреби.

zoshto-ponekogash-e-dobro-da-bidete-sebichni-3.jpg

Наместо себичност, ова можете да го гледате како грижа за себе. Сепак, не должите никому ништо.

Во продолжение погледнете зошто понекогаш треба да бидете себични.

Не можете да се грижите за другите ако не се грижите за себе

Веројатно веќе безброј пати сте го слушнале ова, но има причина за тоа. Не можете да им пружите грижа и љубов на другите ако не го правите тоа за себе. Во овој случај себичноста е неопходна за да можете да станете подобра личност.

Ќе го избегнете незадоволството

Како се чувствувате откако ќе направите многу за некого? Делумно, ова зависи од тоа колку ќе биде благодарна другата личност и што таа ќе сака да направи за вас. Но исто важно е и дали вие сте си биле приоритет.

Доколку сте направиле многу за некого, но во процесот сте се повредиле или не сте почувствувале благодарност, нормално е да се чувствувате незадоволно. Поради ова, поставете граници до каде ќе одите за другите.

Ќе можете да работите на физичкото и менталното здравје

Кога сакате да се грижите за сите други освен за вас, вашето здравје ќе страда. Ќе јадете нездрава храна, нема да вежбате и нема да ги процесите вашите емоции. Но ако сте барем малку себични и одвоите време за себе, нештата ќе бидат многу подобри.

Ќе ги развиете вашите вештини

Потребно е многу време и труд за да станете добри во нешто. Но ако постојано го трошите вашето време за другите, никогаш ќе немате можност да се подобрите. Ќе нема кога да научите нешто ново или кога да вежбате некоја вештина. Па, себичноста е неопходна за вашиот развој.

Ќе ги следите вашите цели

Како за вештините, и за целите се потребни труд и време. И во овој случај, не можете да очекувате напредок доколку целото ваше време го посветувате на другите.

Ќе имате време да размислите за себе

Важно е одвреме-навреме да размислите за себе и за вашиот живот. Ова ќе ви овозможи да согледате како се чувствувате, што сакате да промените и како можете да си го подобрите животот.

Ќе ја сфатите вашата независност

Кога постојано сте зафатени со туѓите проблеми, ретко кога ќе ја согледате и цените вашата независност. А кога ќе сфатите колку сте независни, ќе почнете вистински да го цените тоа. Ќе се чувствувате поудобно додека сте сами и нема да барате туѓи проблеми за да си го исполните времето.

zoshto-ponekogash-e-dobro-da-bidete-sebichni-1.gif

Прочитајте за останатите причини на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg