Вистински приказни за луѓе кои тврделе дека се нечија реинкарнација

Шанти Деви

Во 1930-тите едно девојче од Индија тврдело дека е жена од Индија по име Лугди Баи. Шанти ретко зборувала како што растела, но кога зборувала, раскажувала за нејзините сопруг и деца.

Изјавила дека нејзиниот прв сопруг се викал Кедарнат и имале син. Таа ги опишувала сопругот, неговата продавница и неговата куќа. Истото така детално го опишувала начинот на којшто се облекувал и работите што ги правеле.

Откако Шанти опишала како умрела, татко ѝ почнал посериозно да ги саќа нејзините приказни. Наводно, Шанти била премногу млада за да ја разбере операцијата за којашто зборувала, па на крај нејзиното семејство организирало средба помеѓу неа и братучедот на Кедарнат.

Шанти ги препознала и братучедот и Кедарнат, а самиот Ганди најмил 15 луѓе да го истражуваат нејзиниот случај. Вестите за Шанти допреа до целиот свет, а еден маж од Шведска, Штуре Лонерстранд, отпатувал до Индија за да ја разоткрие Шанти, за само да заклучи дека таа ја кажува вистината.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-05.jpg

Бориска Кипријанович

Помеѓу толку многу реинкарнации, нормално е некој да тврди дека е вонземјанин. Бориска од Русија смета дека е реинкарнација на некој Марсовец.

Наводно, тој живеел на Марс и бил убиен во нуклеарна војна. Пред војната, тој бил дел од марсовски тим што често ја посетувал Земјата.

Тврди дека ги запознал и древните Египќани на едно такво патување. Бориска додал и дека Марсовците делумно ја откриле тајната за бесмртност и имале технологија да го запрат стареењето штом ќе наполнат 35 години.

Според Бориска, нашите летала не можат да детектираат живот на Марс бидејќи целата планета била уништена за време на војната, а преживеаните Марсовци се преселиле под земја. Очигледно, недостатокот од кислород не им бил проблем бидејќи тие дишеле јаглероден диоксид.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-06.jpg

Лук Руелман

Лук имал само две години кога почнал да кажува дека е реинкарнација на жена по име Пем. Тој живеел во Охајо со неговата мајка Ерика која често го слушала како зборува за Пем.

Таа речиси и да не обрнувала внимание на она што го зборувал Лук бидејќи сметала дека Пем е измислен пријател.

Кога конечно го прашала за оваа жена, Лук изјавил дека Пем било неговото име во минатиот живот. Покрај тоа додал дека умрел во пожар и отишол во рајот, а Бог го вратил на Земјата како бебе.

Ерика направила онлајн истражување и открила дека во 1993-та година во Чикаго, во пожар умрела жена по име Пем Робинсон.

Иако и за оваа приказна лесно може да се каже дека е лажна, постојат некои интересни факти. На пример, Ерика никогаш не му кажала на Лук за Чикаго.

Дури и ако Лук имал слушнато за Чикаго од некој друг, не е јасно како можел да ја идентификува фотографијата од Пем помеѓу други фотографии.

vistinski-prikazni-za-lugje-koi-tvrdele-deka-se-nechija-reinkarnacija-07.jpg

Спирова C. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg