„Парадајз туристи“, раскажувачи: Типови на сопатници со кои се среќаваме на секое патување
„Мирислив“ цимер
Карактеристики: има многу приказни за неговиот живот, кога ќе заспие ‘рчи силно, носи искинати и мирисливи чорапи
Каде се сретнува: најчесто во воз
Како да се спасите: покријте се преку глава
Парадајз туристи
Карактеристики: средени од глава до пети, сакаат да уживаат на ниво, но исклучиво со донесени работи од дома – од пијалак до јадење
Каде се сретнува: во автобуси
Како да се спасите: игнорирајте или придружете им се...
Набљудувач
Карактеристики: секогаш мора да гледа низ прозорец каде поминува, многу љубопитен, дури и некултурен
Каде се сретнува: во автобус и авион
Како да се спасите: заменете си ги местата или издржете
Зимурливи vs „склетчии“
Карактеристики: двајца патници кои се целосна спротивност – едниот сака ладно, другиот топло, превртуваат со очи еден на друг
Каде се сретнува: во секој тип на транспорт каде што има прозорци за отворање или клима
Како да се спасите: вие носете слоевита облека и ставете слушалки за да не ги слушате нив
Бизнисмен
Карактеристики: сериозен и намуртен, постојано е телефон, најчесто има два телефона и зборува за пари пред непознати луѓе
Каде се сретнува: во секој тип на транспорт, освен авион
Како да се спасите: ставете слушалки и пуштете гласна музика
М. М. | Црнобело