„Парадајз туристи“, раскажувачи: Типови на сопатници со кои се среќаваме на секое патување
Од парадајз туристи кои јадат сендвичи од дома во автобус до „гагатори“ кои чекаат нешто бесплатно во авион или такви без осет кои цел ден ќе ви го раскажуваат животот или ќе ви ги стават нозете под нос...
Во авионите, автобусите и возовите редовно сретнуваме неколку типови на патници од кои не може да се избега.
Некултурни патници кои во авион ги качуваат нозете горе, такви кои имаат полна торба јадење за сите, или пак водат бизнис разговори за сите да ги слушнат – кој тип ви е најодбивен?
Во продолжение неколку типови на сопатници кои сигурно сте ги сретнале на патување:
„Гагатор“
Карактеристики: секогаш е подготвен да си собере сè што се нуди бесплатно
Каде се сретнува: во авион
Како да се спасите: послужете се први, бидејќи може да не остане
„Најдобар другар“
Карактеристики: раскажува цела приказна за својот живот на секој што седи до него, веднаш после првиот контакт со очи, а потоа знае да се опушти и да си заспие врз вас
Каде се сретнува: во секој тип на транспорт
Како да се спасите: свртете ја главата на друга страна или преправајте се дека спиете
Комфор по секоја цена
Карактеристики: торбата му стои на седиштето до него наместо горе или во скут, а нозете секогаш мора да му бидат испружени дури и ако му стојат на некој врз глава
Каде се сретнува: во авион: во секој тип на транспорт
Како да се спасите: чекајте да заспие и врзете му ги врвците една со друга или едноставно, побунете се...
Златокоса
Карактеристики: нејзината долга коса мора да биде распуштена зад седиштето, па некогаш дури и да ви заврши во скут или да ве удри од мавтање додека прави селфи...
Каде се сретнува: во секој тип на транспорт
Како да се спасите: коментирајте без да се срамите, таа треба да се засрами
Претерано културен
Карактеристики: интелигентна и воспитана личност со културни манири, секогаш персира и се извинува за секоја ситница
Каде се сретнува: во секој тип на транспорт
Како да се спасите: само останете смирени
Мајка со храна за цело семејство
Карактеристики: никогаш не го остава семејството гладно, дури и ако патуваат само 1 час – кога ќе ја отвори торбата, се шири мирис на салами, јајца, ајвар...
Каде се сретнува: во автобус и воз
Како да се спасите: потрудете се да изгледате дека не сте воопшто гладни и не ги гледајте, инаку ќе мора и вие да јадете