20 работи кои секој современ маж треба да знае да ги направи во кујна
Во 21-ви век срамота е да ги делиме обврските на машки и женски. Па, наместо да раскажувате како девојката или сопругата треба да знае да готви како професионалец, проверете до каде сте со оваа листа.
Има 20 основни работи кои секој современ маж треба да знае да ги направи додека е во кујната - и тоа без срам:
1. Добар, сочен омлет, со ваш личен трик или состојка која ќе му остави уникатен печат.
2. Нешто вкусно со готово лиснато тесто.
3. Барем 2 различни сосови за тестенини.
4. И тестенини кои не се преварени, залепени и меки.
5. Да нареди даска со мезиња.
6. И да направи 2-3 основни сосови за со мезе.
7. Да знае да спари која храна со какво вино оди.
8. Да направи пица, макар и од готово тесто.
9. Барем 3 рецепти за главни јадења со месо.
10. Експериментирање со состојки за салати.
11. Компири на минимум 2 начини.
12. Појадок кој е готов за помалку на 10 минути.
13. Кафе со совршена пропорција на шеќер и млеко.
14. Да знае од обичен чипс да подготви мезе за со пиво.
15. Десерт кој знае да го прави мижеечки.
16. Плус, вечно добрите палачинки.
17. Да знае да погоди колку сол и зачини требаат во јадењето.
18. Да знае кога треба да користи фолија, а кога хартија за печење.
19. Дека виното не е само за пиење – може да се додаде и во месо за печење и во разни сосови.
20. Да знае да постави маса за поголем собир на пријатели и роднини.
М. Д. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот
„Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“.
„Сопругата ...

„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман...
Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...

Мажи споделуваат: „Навика на партнерката што најмногу ме иритира“ (фото)
„Сопругата никогаш не дотрошува шампон пред да купи нов, а ги чува и сите стари ...

Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото)
Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото)
Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото)
„Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
-->