Навики кои ви ја уништуваат самодовербата
Ниското ниво на самодоверба, не само што го спречува професионалниот напредок, туку го забавува и личниот развој. Личноста со потисната самодоверба не верува во себе и се плаши да преземе одговорност.
Кои навики придонесуваат за намалување на самодовербата и што ве прави несигурна личност?
1. Жалење
Ако често се жалите, веројатно имате слаба самодоверба. Навикнати сте да глумите жртва, а луѓето околу вас не сакаат да комуницираат со личност која е постојано негативна.
Луѓето ќе почнат да ве избегнуваат, а вие ќе изгубите уште поголема доверба во себе.
2. Барање одобрение
Ако секогаш ви е потребен мотивациски мотив, тогаш не верувате во тоа што го правите. Престанете да барате пофалби од другите и започнете трезвено да ја проценувате вашата работа.
Кога вашата проценка ќе стане најголема вредност за вас, ќе знаете дека вашата самодоверба е во добра состојба.
3. Постојано се сомневате
Ако секогаш се сомневате во себе и во своите постапки, време е да ја зајакнете вашата самодоверба.
На пример, замислете дека огромното мнозинство мисли дека вашиот нов стил е убав, а само една завидлива личност смета дека не е ништо посебно. Ако мислењето на таа личност длабоко влијае на вас, тогаш имате проблем со самодовербата.
4. Чувствувате вина
Ако сè уште имате грижа на совест поради ситници на кои сите веќе заборавиле, тогаш имате проблем со самодоверба!
Престанете да се казнувате поради секоја ситница што веќе сите ја заборавиле. Ќе ви биде подобро доколку им простите на другите, како и на себе. Почнете да живеете бестрашно!
5. Натпреварување
Здравата конкуренција е корисна, но постојаното ривалство во сите сфери на животот е показател дека вашата самодоверба постојано има потреба од стимуланси и успех, за да не падне на депресивно ниво.
Престанете да тврдите дека сте полоши од другите и сфатете дека не можете да бидете подобри од сите луѓе. Прифатете се какви што сте и со помош на таа хармонија напредувајте.
Ашера | Црнобело