Победете го стресот за 60 сек.
Стрес. Ваш секојдневен сопатник, особено на работното место. Велат дека најлесно може да се ослободите од него со помош на јога, удирање во вреќа...
...за бокс или шопинг. Постојат и уште некои инстант методи кои можеби ќе и одговараат подобро.
1. Јадете сливи. Чувајте си пакетче суви сливи во близина на работното биро или во чанта. Тие се полни со магнезиум кој ги ублажува последиците од стресот. Ви даваат инстант доза на енергија и го поттикнуваат серотонинот – хормонот на среќата.
2. Играчки. Имајте некоја играчка која смирува. Рубикова коцка и Јо-јо доаѓаат во предвид. Можете и да пробате да цртате со фломастери.
3. Прегратка. Ако сте жена и имате добра пријателка на работното место, не би требало да ви е проблем да побарате прегратка за поддршка.
4. Исфрлете ги сите грижи од себе. Пронајдете мирно катче, затворете ги очите и игнорирајте ги сите звуци. Дишете длабоко за да се смирите. Ако е потребно, бројте наназад од 100 до 1. За ова ви треба од прилика 1 минута – сосема доволно за да го исфрлите од глава она што го предизвикува стресот кај вас.
5. Смејте се. Не ги пропуштајте можностите да уживате во шеги и вицеви. Смеењето навистина помага и со леснотија го отстранува стресот.
6. Истегнете се. Тргнете се од компјутерот за да ги одморите очите и да ги истегнете грбот и нозете. Одете до тоалет и истегнете се поинтензивно (можете и гласно).
Во случај ова да не ви помогне, ако ве напнал шефот можете да се испразните овде:
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/6639-igra-odmazdete-se-na-shefot
А, ако сте под стрес заради бивш дечко или девојка:
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/6364-igra-odmazdete-se-na-bivsite