Работи што треба да ги проверите во хотелската соба
Многу често луѓето забораваат да ја проверат хотелската соба што ја изнајмиле, за подоцна да откријат дека многу нешта не се во ред.
Па, следниот пат кога ќе закажувате соба, добро проверете ги следниве работи пред да ја прифатите:
Локација
Кога патувате, особено за разгледување, не заборавајте да ја проверите локацијата на хотелот. Најпрво најдете ги сите знаменитости и места што сакате да ги посетите, а потоа најдете хотел со најдобра локација.
Доколку знаменитостите се на разни краеви од градот, проверете дали до хотелот има автобуска постојка. На овој начин ќе заштедите многу за транспорт.
Безбедност
Кога станува збор за локацијата, безбедноста е многу поважна. Некои веб-сајтови, како TripAdvisor, нудат совети за безбедноста на одредени места, па добро истражете пред да ја закажете собата.
Средства за хигиена
Многу хотели нудат бесплатни средства за хигиена, како шампон и сапун. Сепак, проверете го ова пред да закажете за да знаете што да понесете со себе.
Инсекти и други штетници
Понекогаш и најдобрите хотели во светот имаат проблеми со инсекти и други штетници. Пред да ја прифатите собата, добро проверете да не има нешто во неа.
Кафе
Дури и ако хотелот ви нуди бесплатно кафе со престојот, проверете какво е. Во повеќето хотели кафето е инстант и може да не ви се допадне. Па доколку не можете без кафе, најдобро е да понесете ваше.
Удобност на креветот
Немојте да се срамите да го пробате креветот. Доколку не е удобен, душекот ви изгледа стар или постелнината е искината, кажете го тоа на фин начин. Најчесто ќе ви најдат замена со нова постелнина или ќе ве однесат во друга соба.
Исправност
Проверете дали сите направи во собата, како телевизор, клима и светилки се исправни. Доколку имате проблем со нешто, замолете некој да ви објасни како да го користите.
Продавница во близина
Прашајте дали во хотелот имаат продавница со неопходните нешта. Доколку нема, проверете дали има продавница во близина, во случај да сте заборавите да спакувате нешто.
Достапен печатач
Без разлика што сте само на одмор, секогаш може да ви затреба печатачот. Можеби нема да можете да ги отворите авионските карти на вашиот телефон, или пак ќе треба да испечатите влезница за некоја атракција.
Кои површини треба да ги избришете
Чистачките во хотелите нема да ги дезинфицираат кваките, гардероберот и другите површини. Па добро е со вас да понесете шамивчиња за дезинфекција. Сепак не знаете кој отседнувал во собата пред вас и сигурно не сакате да се разболите на вашиот одмор.
Спирова С. | Црнобело