Погоди кој е? (5)
Овој пат имате навистина лесна задача. Некогашни блиски пријателки, а денес едни од најголемите поп ѕвезди. Кои се овие две девојчиња?
Бритни Спирс и Кристина Агилера кога имале 12, односно, 13 години.
Тие биле најдобри другарки во Мики Маус Клубот. Кристина неодамна изјави:
„Интересен период за мене беше годината кога и двете ги објавивме првите албуми. Најверојатно изгледавме како да се натпреваруваме една со друга. Но, во реалноста, Бритни е моја пријателка со која сум се држела за рака со години.
Бевме мали и блесави девојчиња. Имаше многу приказни дека не се поднесуваме. Денес не сме веќе толку блиски затоа што нашите животи и кариери отидоа во два различни правци.
Кога Бритни го роди првото дете и пратив корпа полна подароци затоа што секогаш и посакувам се најдобро. Денес сум само во контакт со Џастин Тимберлејк кој отсекогаш беше еден од моите најдобри пријатели.“