„На крузерите има многу секс меѓу работниците - како во студентските домови“
„Еден месец на брод врска, може да ви изгледа како две години врска на копно, а тука се и непристојните секс предлози од претпоставените.“
Работењето на крузер ви носи живеење заедно со другите работници на истиот. Вие минувате многу време заедно и не е ни чудно што се формираат блиски врски, кои неретко завршуваат со секс.
Сегашни и поранешни вработени на крузери откриваат дека за време на крстарењата има многу секс, слично како во студентските домови.
Постојано сте на отворено море, атмосферата е поразлична отколку на копно, работите по цели денови, па потребен ви е издувен вентил, коментираат тие.
Плус, консумирањето на алкохол во големи количини дополнително придонесува за тоа.
За жал, постојат и искуства кога претпоставени сакаат да уценуваат вработени за секс, па им даваат непримерни коментари и непристојни понуди за покачување на плата, подобра работна позиција или дури и подобра кабина на крузерот, во замена за секс. Постојат и низа пријави за силувања или обид за силувања на разни крузери ширум светот.
Врските на крузерите се развиваат побрзо отколку на копно. „Еден месец на брод врска, може да ви изгледа како две години врска на копно, затоа што минувате премногу време со тој човек“, вели Тејлор Сокол, вработен во компанијата Holland America.
Сепак, таа огромна блискост носи и тешкотии во одржувањето на здрава врска затоа што минувате премногу време заедно и не си давате простор еден на друг. Партнерот во секој миг е на неколку десетици метри од вас.
С. С. | Црнобело