За животот и луѓето...

za-zivotot-i-lugjeto-povekjeЖивотот не е едноставен. Нам ни е дадена тешка задача да го оправдаме нашето постоење. Луѓе – толку мали, а толку големи. Толку силни, а истовремено...

 

...толку кревки. Ова се некои опши заклучоци за животот и луѓето.

za-zivotot-i-lugjeto

1. Луѓето сакаат да зборуваат за другите. Еленор Рузвелт рекла: „Големите умови дискутираат идеи; просечнитеумови дискутираат настани; малите умови зборуваат за луѓето.“ Што би правеле луѓето ако немаше за кого за зборуваат? Дали ќе собереа храброст за конечно да започнат да се грижат за сопствениот живот?

2. Мислењата не можат да бидат точни или погрешни. Тие се само мислења. Сите имаме различно социјално, културно, интелектуално ниво. Сите го гледаме светот со наши очи и перцепција.

3. Никој нема право да суди никому. Може да ни се допаѓа нешто или не, но само затоа што работите не функционираат како што ние сме навикнале, не значи дека можеме да им ставаме етикети на луѓето. Секој има право да греши.

4. Секогаш постои друга страна на паричката. Работите стануваат многу поедноставни кога ќе се ставиме во чевлите на другите. Најдобро е да се запрашаме „зошто?“ и да се обидеме да разбереме.

5. Луѓето се обидуваат да го уништат/елиминираат сè што е подобро од нив. Оние кои се најчесто зборувани најчесто се оние кои се најуспешни во сопствената област и помудри од останатите. Најверојатно, затоа што не го трошат времето да зборуваат за другите. Наместо да играат според правилата назначени  од другите, тие креираат сопствени правила кои ги прават среќни.

6. Луѓето секогаш ќе најдат причина за да те осудат за нешто. Што и да правиш, секогаш нешто нема да чини. Дури и да го промениш своето однесување, тоа не гарантира дека ќе се променат туѓите ставови. Можеби затоа што за да го промениш ставот потребна е голема самодоверба.

7. Сè додека го живееш животот според своите вредности и си искрен кон себе, не треба да се грижиш за останатите. Затоа што секој е приказна за себе комплетно поразлична од сите останати.

Би можело да ве интересира:

6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg