Типови слободни девојки
Во едно истражување за девојките кои се сами, како попатна забелешка била и типизацијата на девојките. Како и секоја типизација и оваа е...
...воопштена и поголемиот број девојки ќе можат да се најдат во наведените категории и не само во една - се надеваме дека при тоа ќе се забавуваат и нема сериозно да го сфатат овој текст.
1. Во потрага за сродна душа. Таа ќе направи се што може за да ја пронајде својата сродна душа, оној вистинскиот, и нема да се задоволи ниту да се согласи на врска додека не пронајде баш таков.
2. Феникс. Како митска птица која повторно се подигнува од сопственото уништено тело и оваа девојка ќе даде се од себе, по исклучително тешкото раскинување, да се „воздигне од пепелта“, односно да го надмине тоа што и се случило, повторно да ја изгради самодовербата и да продолжи со животот- можно е и со потрагата за маж со кој ќе биде среќна.
3. Природна. Оваа девојка ќе и се препушти на судбината, таа пред неа да донесе вистински маж, или ќе пушти се природно да се одвива, тогаш кога за тоа ќе дојде време. Нема да се впушти во потрага по потенцијален партнер, ниту пак ќе калкулира како да го пронајде/привлече.
4. Принцеза. Таа го чека принцот на бел коњ кој ќе дојде и ќе ја спаси од се (осаменоста, материјалната несигурност, недостатокот на сопствен живот). Што се однесува до принцот...тој баш и не брза да се појави во нејзиниот живот.
5. Таа чека. Таа чека да се појави оној со кого ќе биде среќна. Дури тогаш ќе почне да живее, до тогаш ама баш ништо нема да се случува.
6. Слободна душа. Ваквото однесување често им се препишува на мажите, што не значи дека нема и такви девојки. Всушност таа е многу загрижена кога е во прашање или или ситуација... да може да биде независна или да се посвети на сериозна врска. Двете заедно-никако. Независноста и е попримамлива.