Што да подарите за празниците
Сите сакаме да пронајдеме соодветен новогодишен и божиќен подарок за најблиските. Одвојте малку време и направете листа на личностите...
...на кои треба нешто да им подарите. Покрај секое име набројте ги нивните хобија и интереси. Можеби ви личи комплицирано, но ќе заштедите бесмислено лутање по дуќаните низ гужвите.
Ова се некои идеи кои може да ви помогнат:
1. За оние кои сакаат да читаат
- Најново издание од омилениот автор
- Интересен маркер за означување на страниците
- Ламба за читање
- Перниче за потпирање
2. За практични личности
- Убаво пенкало (пример Паркер) и роковник
- Домашни божиќни колачиња
- Шоља за млеко или чај
- Шалче, капче, ракавици
3. За љубителите на спортот
- Батерии за далечинското
- Пакетче со грицки за гледање натпревари
- Претплата на спортски новости
- Дрес од омилениот тим
4. За домаќинки
- Нова книга со рецепти
- Дигитална вага
- Чаша и лажица за мерење
- Готвачки ракавици
- Сет за вино (со отварачи)
5. За љубителите на природата
- Компас
- Топли ракавици
- Кабаница
- Опрема за риболов
- Сет за планинарење
6. За парови
- Уплатете масажа за двајца
- Купон за во ресторан
- Викенд патување
- Парфем
- Шише вино и јаготки
7. За семејството
- Сет нови ДВД филмови
- Слагалица со 1000 парчиња
- Миризливи свеќички
- Домашни колачиња