Идеи како да го поминете роденденот без да жалите следниот ден
Секој сака да го слави својот роденден, а со оваа прослава доаѓа и многу алкохол. Но доколку веќе сте „престари“ за утрешниот мамурлак, постојат начини да го прославите роденденот и трезни.
Погледнете неколку предлози за роденденска прослава (без премногу алкохол) кои вреди да ги пробате:
Одете на патување
Зарем има подобар начин да го прославите роденденот од патувањето? Испланирајте мал одмор со пријателите или семејството и уживајте во авантурата.
Не мора да одите во странство. Можете да посетите и некој град во близина што сè уште не сте го виделе или на кој секогаш му се враќате.
Дневна забава во парк
Соберете ги вашите пријатели, направете сендвичи, купете некој пијалак и направете си пикник во градскиот парк. Поминете го денот на сонце и сигурно нема да ви недостига вечерното прославување.
Одете на плажа
Доколку сте во можност, прославете го роденденот на плажа. Зарем има подобра забава во лето од онаа покрај вода? Понесете ги костимите за капење и уживајте.
Направете логорски оган
Доколку го прославувате роденденот на плажа, можете да го почекате зајдисонцето и таму да направите оган. Доколку имате поголем двор, и тој е одлично место за вашиот оган.
Одете на кампување
Одберете некоја дестинација во близина и поминете неколку денови на кампување. Уште подобро е ако ги исклучите сите електронски уреди и вистински се поврзете со природата - со пријателите, партнерот или семејството.
Контактирајте или посетете личност од која сте се оддалечиле
Доколку не ви е дојдено до посебна забава, или пак, блиските луѓе не се во можност за дружба, а одамна се немате слушнато со некој драг пријател, јавете му се и прославете го роденденот со него.
Ќе имате многу за зборување и ова сигурно ќе ви биде роденден што ќе го помните.
Истражете го вашиот или соседниот град
Наместо туристи во странство, бидете турист во вашиот град. Посетете ги сите знаменитости, дознајте нешто повеќе за историјата на градот, направете неколку фотографии, а на крај можете да прославите и во ресторан.
Одете на музички фестивал
Летото е сезона на музички фестивали, а доколку некој се поклопува со вашиот роденден, тоа е бонус за вас. Се разбира, не мора да биде само музички фестивал. Истражувајте што има во ваша близина и забавувајте се.
Одете во забавен или воден парк…
Ако роденденот ви е во топол период, можете да го поминете денот во некој забавен парк или воден парк - ќе си поминете одлично, а тоа нема да биде клише забава за која утре ќе жалите.
Променете го вашиот изглед
Дали вашата фризура ви е здодевна? Или, пак, можеби сакате да го обновите гардероберот? Вашиот роденден е совршен повод за тоа. Ослободете ја вашата креативност, експериментирајте и, којзнае, можеби ќе откриете ваше ново „јас“.
Направете фотосесија
Соберете ги пријателите и направете заедничка роденденска фотосесија. Можете да одите во природа, да позирате со разни модни комбинации или што било што ќе ви падне на ум. Овие фотографии, без сомнение, ќе ви бидат омилени.
Спирова С. | Црнобело