Кога е време да ги делите финансиите со партнерот и дали тоа е добро?

Доколку живеете со вашиот партнер, дури и ако не сте во брак, сигурно сте размислувале за тоа дали да ги делите финансиите. Но дали е добро да имате заедничка сметка и заеднички картички? Како и секогаш, и во овој случај постојат неколку предности и недостатоци.

koga-e-vreme-da-gi-delite-finansiite-so-partnerot-i-dali-toa-e-dobro-01.jpg

Предности од делењето на финансиите

Заеднички цели: Доколку имате заеднички цели поврзани со парите, како отплаќање на долговите за 10 години, заедничка заштеда и слично, тогаш би било добро да ги делите вашите приходи. Заедно полесно ќе ги исплатите долговите и побрзо ќе заштедите повеќе пари.

Должење: Доколку не ги спојувате вашите плати, ќе почнат да се појавуваат проблеми за тоа кој кого должи и колку. Следењето на трошоците станува многу полесно кога средствата на располагање се заеднички.

Посилна врска: Кога ќе ги делите парите со партнерот, повеќе нема да размислувате што е ваше, а што негово. Ова значи дека сакате да работите како тим, а со самото тоа врската ќе стане посилна.

Давање и земање: Понекогаш вие ќе имате повисоки приходи, понекогаш вашиот партнер. Но кога целиот приход ќе биде заеднички, нема да се натпреварувате еден со друг.

Семејство: Ќе биде речиси невозможно да одредувате од чии пари ќе трошите за детето. Нормално дека и двајцата ќе сакате да му го овозможите најдоброто на вашето малечко, а здружувањето на платите ќе го направи тоа многу полесно.

Ќе ја отстраните нееднаквостa: Врската би била многу тешка доколку едниот партнер може слободно да отиде на патување, додека другиот едвај го преживува месецот. Бидејќи сте се одлучиле на заеднички живот, ќе треба заедно да ги поднесувате вашите финансиски проблеми, без разлика кој партнер е во потешка ситуација.

koga-e-vreme-da-gi-delite-finansiite-so-partnerot-i-dali-toa-e-dobro-02.jpg

Недостатоци од делењето на финансиите

Губење на индивидуалното донесување одлуки: Кога ги делите парите, ќе треба да разговарате со партнерот за што и да сакате да купите. Можеби вам нема да ви се даваат илјадници евра за автомобил, а на партнерот да не му се даваат пари за вашата нова облека. Секогаш ќе треба да барате компромис.

Важни прашања: Кога ќе одлучите да ги делите парите, треба да разговарате и за она што се случувало пред да почнете да живеете заедно. Дали вашата заштеда од порано сега ќе ја делите и со партнерот? Дали вашите долгови од минатото ќе бидат само ваши, или повторно ќе ги делите со партнерот? Истото важи и обратно.

Стратегии за инвестирање: Можеби партнерот сака да инвестира во едно нешто, но вие во друго. Кога ќе ги делите финансиите, ќе треба да најдете средина што ви одговара и на двајцата.

koga-e-vreme-da-gi-delite-finansiite-so-partnerot-i-dali-toa-e-dobro-03.jpg

Дали сте подготвени да ги делите парите со партнерот?

Доколку сте ги разгледале сите предности и недостатоци и сте одлучиле дека сакате да ги делите финансиите, добро е да размислите и дали сте навистина подготвени за тоа. Важно е да знаете дека ова е голем чекор напред во вашата врска и сигурно ќе сакате да ги избегнете несаканите последици. Па како да дознаете дали сте подготвени?

Веќе сте разговарале за вашата иднина: Најпрво важно е да разговарате што двајцата сакате од иднината. Во што сакате да инвестирате, колку сакате да штедите и слично се нешта што мора да се дискутираат. Имено, паровите најчесто раскинуваат поради пари и секс, па бидете внимателни.

Сте разговарале за вашето финансиско минато: Да се биде возрасен значи самите да управувате со вашите пари. Справувањето со долговите може да биде тешко, а кога во тоа ќе се придружи уште еден, нештата можат да станат комплицирани. Па добро разговарајте со партнерот за неговото и вашето финансиско минато. Важно е да знаете како се справувате со долговите и заштедата.

Веќе планирате да купите нешто заедничко: Купувањето заеднички дом или автомобил е нормално кај сериозните врски. Доколку со партнерот веќе сте направиле вакви планови, тоа значи дека сте подготвени да ги делите вашите пари.

koga-e-vreme-da-gi-delite-finansiite-so-partnerot-i-dali-toa-e-dobro-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg