Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како 6-годишно девојче си купи стан од 7 милиони евра?

Преку 30 милиони луѓе го следат секојдневието на ова девојче од Јужна Кореја кое месечно заработува 2.7 милиони евра.

kako-6-godishno-devojche-si-kupi-stan-od-7-milioni-evra-01.jpg

Борам (6) од Јужна Кореја е Јутуб сензација. Таа е хит во светските медиуми откако осамна информацијата дека од парите што ги заработила со семејството купила луксузен стан од 7 милиони евра.

kako-6-godishno-devojche-si-kupi-stan-od-7-milioni-evra-04.png

Интернет сензацијата заработува 2.7 милиони евра месечно од нејзините Јутуб канали Boram Tube Vlog со 17.5 милиони претплатници и Boram Tube ToyReview со 13.6 милиони.

kako-6-godishno-devojche-si-kupi-stan-od-7-milioni-evra-03.jpg

Двата канали се наменети за деца и на едниот Борам го прикажува своето секојдневие, а на другиот прегледува играчки. Таа работите ги прави на сладок и забавен начин и така привлекува гледачи.

kako-6-godishno-devojche-si-kupi-stan-od-7-milioni-evra-05.png

Сепак, за некои нејзини видеа имаше дебати. Тема на дискусија беа видеата каде таа краде пари од паричникот на нејзините родители, вози автомобил и се преправа дека се породува.

kako-6-godishno-devojche-si-kupi-stan-od-7-milioni-evra-02.jpg

Нејзините родители во 2017 дури завршија на суд со обвинување дека поради финансиска корист го ставаат детето во опасна ситуација и таа снимка потоа има негативно влијание и врз другите деца. Судот им нареди да одат на советување наменето да се спречи злоупотреба на деца.

Дел од видеата на Борам:

https://www.youtube.com/watch?v=Ran55MRteTQ

https://www.youtube.com/watch?v=5m0dG6N4EW0&feature=player_embedded

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg