Како да препознаете и контролирате импулсивно однесување?
Импулсивност е однесување кое е обележано со делување пред размислување или интензивна нетрпеливост и прекинување на другите.
Импулсивното однесување често може да се најде во стручната литература како карактеристика на одредени димензии на личноста и симптом на многу нарушувања.
Импулсивното однесување се дефинира како делување без размислување, кое е неприфатливо и несоодветно изразено, а често и ризично. Поврзано е и со несакани исходи и агресивно однесување.
Луѓето кои се импулсивни обично се опишуваат како непредвидливи и нестабилни лица.
Покрај тоа, импулсивните индивидуи обично имаат проблеми со контролирање на емоции и однесување, поради што ретко имаат стабилни и долготрајни блиски односи со другите.
Импулсивното однесување често носи опасни последици, за кои луѓето дури и не се свесни. Поради недостаток на свест за нивното однесување, импулсивните поединци честопати се отфрлаат од околината, што предизвикува самоуништување (на пр. прекумерна употреба на алкохол, прејадување, обиди за самоубиство итн.).
Како да препознаете импулсивно однесување?
Импулсивното однесување е главно симптом на поголем ментален проблем. Покрај импулсивноста постојат и многу други симптоми.
Импулсивното однесување се карактеризира со следните модели на однесување:
- емоционална нестабилност;
- неможност да се контролира однесувањето;
- агресивно однесување;
- непредвидливост;
- неодговорност;
- неорганизираност;
- неможноста да се воспостават и одржуваат блиски односи;
- егоцентричност;
- апатија;
- недостаток на мотивација.
Може ли да се контролира импулсивноста?
Односот помеѓу импулсивноста и деликвенцијата варира во различни социоекономски контексти. Постојат многу фактори кои одредуваат како ќе се развие импулсивниот карактер.
Се чини дека за промените во расположението кај адолесцентните (на пример, импулсивноста и агресивноста кај момчињата и депресијата кај девојчињата) се одговорни активностите во кои учествуваат (на пр. возбуда поради средба со девојка или дечко, досада во училиште, гнев поради работата што треба да ја направат), наместо биолошките или хормоналните промени во пубертетот.
Исто така, младите луѓе кои злоупотребуваат дрога обично во своето детство покажуваат импулсивен стил во однесувањето.
Како да се контролира импулсивноста?
Децата кои се импулсивни обично имаат некоја причина за таквото однесување. Во случај на траума во детство, потребна е стручна помош за надминување на истата.
Покрај тоа, родителите имаат најголема и најважна улога. Нивното учество во животот на децата и авторитативниот стил на воспитанието, што се карактеризира со топло, грижливо и чувствително родителство со цврста, разумна контрола, може да биде најголема помош во решавањето на проблемите со импулсивноста.
Ако станува збор за возрасни лица неопходно е да се побара совет од експерт за ментално здравје.
Употреба на лекови не е вообичаена практика, но ако постои големо нарушување, понекогаш е неопходна фармакотерапија, но секако тоа го одредува стручно лице.
Но, речиси, секогаш се става акцент на психотерапија и ресоцијализација, односно промени во моделите на однесување и методите на учење, како и техники за контрола на однесувањето.
Ашера | Црнобело