Празнично расположение
Ви ги прикажуваме настаните и глетките во некои од популарните зимски локации кои навистина воодушевуваат. Од голото капење во Берлин па сè до...
...фасцинантните божиќни светла во Јута. Божиќ низ целиот свет се слави на различни начини. Ова се некои од најуникатните:
1. Божиќни светла во Јута. Ништо нема да ве расположи попразнично од 45.000 светилки со техно верзија на песната Amazing Grace.
2. Фестивал на мразот и снегот во Харбин, Кина. Заради сибирските ветрови и просечните зимски температури од -17 степени Целзиусови, Харбин може да се погали со најспектакуларен фестивал на снегот и мразот во целиот свет.
3. Зима во Норвешка. Клавирски ноти и златни сончеви зраци распрскани по замрзнатите норвешки езера каде лизгаат норвежаните. Зимска глетка на која тешко може да се одолее. Сето ова ги прави Ставангер и Јарен најпосакувани божиќни дестинации.
4. Голо капење во Берлин. Секој Божиќ на периферијата на Берлин група ентузијасти пливаат голи во ледено езеро. Може да им се приклучи секој што има желба – и мое да издржи ниски температури.