Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Акаша - вселенскиот „компјутер“ во кој се запишани сите животни тајни

Според древните верувања, истражени од модерната наука, сите ние припаѓаме на етер или на поле на енергија, во кое секогаш се враќаме. 

Ako veruvate deka se se slucuva so pricina veruvate vo Akasha 01

Во ова поле се запишани сите искуства и поуки што некогаш ќе ги научиме за да напредуваме. Иако секој човек сака да чувствува радост, задоволство, љубов и мир, понекогаш сето тоа, гледано од перспектива на реалноста во која живееме, ни се чини недостижно.

Сметаме дека сме заглавени, дека се вртиме во круг и дека некои работи ни се повторуваат цел живот. Веруваме дека работите не се случуваат случајно и дека за сè постои причина.

Оваа причина се крие во Книгата на животот, во која се, според духовните мудреци, запишани сите животни тајни.

Во хиндуистичка традиција оваа Книга на животот е позната како Акаша, во превод од санскрит „етер“.

Имено, освен земјата, воздухот, водата и огнот, четирите елементи преку кои универзалната енергија се манифестира во материјалниот свет, Хиндистите веруваат во петтиот елемент – етеричен, кој постои во духовната димензија.

Како петти елемент, Акаша е најдобра форма на универзалната енергија. Таа е матката на животот, полето на бескрајната енергија и светлината која им дава живот на сите нешта. Во таа област сè почнува и сè завршува.

Акаша ја познаваат речиси сите традиции, под различни имиња, од источна до западна, па дури и квантната наука, а често ја нарекуваат астрална светлина, поле на свест или просторот на универзалната душа.

Ako veruvate deka se se slucuva so pricina veruvate vo Akasha 02

Имено, се верува дека полето на Акаша содржи записи за целиот Универзум, од моментот на неговото формирање до денес. Сè што се случило или што ќе се случи, велат духовните волшебници, е напишано во ова огромно поле на информации, еден вид на „вселенски компјутер“.

Во ова поле на свест се евидентирани сите движења на Сонцето, целата историја на Земјата, со сите нејзини климатски, геолошки и морфолошки промени, како и историјата на човештвото.

Тука се наоѓаат сите наши искуства, низ кои сме поминале како души, сите наши мисли, емоции, конструктивни или деструктивни, сите одлуки што ги направивме, од првата инкарнација до денешен ден. 

Ako veruvate deka se se slucuva so pricina veruvate vo Akasha 03

За содржината на овој запис сме самите одговорни, а она што го запишуваме е еден вид на карма. 

Содржината на нашиот запис ќе ги одреди нашите идни искуства, ограничувања со кои ќе се соочиме и можностите што ќе ги имаме во идната инкарнација.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg