Манипулатори - како да ги препознаете и надмудрите?

Манипулатори се луѓе кои совршено го скриваат нивното вистинско лице, вешто глумат и имаат одлични комуникациски вештини. Нивната главна цел е да управуваат со други луѓе за да го постигнат она што е во нивен интерес.

Manipulatori kako da gi prepoznaete i nadmudrite 01

Со други зборови, манипулаторите ги експлоатираат другите луѓе за да ги остварат своите желби. Многумина се прашуваат како да препознаат манипулатор?

Иако ова не е лесно, манипулаторите можат да се препознаат, еве како:

Манипулатор може да биде секој. Можеме да заклучиме дека сите ние понекогаш сме биле манипулатори, иако честопати не сме свесни за тоа.

Манипулација како вид на нарушување не постои, но често се јавува како симптом на некои нарушувања на личноста, како што е антисоцијално растројство на личност (на пример, психопати) или нарцисоидно растројство на личност.

Манипулаторите често потсетуваат на луѓе кои страдаат од биполарно растројство, најмногу поради тоа што нивното расположение и однесување се менува во зависност од ситуацијата.

Важно е да се нагласи дека манипулација не мора да биде поврзана со некое нарушување. Здравите лица можат да бидат совршени манипулатори, кои тешко можат да се препознаат.

Manipulatori kako da gi prepoznaete i nadmudrite 02

Манипулаторите често се наоѓаат на високи позиции во светот на бизнисот, бидејќи добро знаат што да прават за да стигнат до таквите позиции.

Поточно, тие знаат кои личности можат да им помогнат, затоа, нека не ве изненадува доколку меѓу вашите колеги на работа постојат манипулатори.

Манипулаторите вешто го користат вашиот недостиг на доверба, а жртвите им се обично луѓето кои не се доволно силни во своите одлуки.

Како да препознаете манипулатор?

Манипулаторите се многу внимателни кон своите жртви на самиот почеток. Им делат комплименти, љубезни се и сакаат да им удоволат. Откако ќе дознаат сè за својата жртва, подготвени се за манипулација.

На некој начин, можеме да кажеме дека манипулаторите се насилници во емоционална смисла. Имено, тие се способни да убедат некого дека не е во право.

Го сакаат чувството на вина и често користат некои морални фрази за да ги истакнат вредностите што самите не ги почитуваат.

Тие никогаш не преземаат одговорност за своите постапки. Вешто ги избегнуваат ситуациите во кои можат да ги обвинат, одговорноста ја префрлаат на некој друг или ги оправдуваат своите постапки.

Често глумат жртви за другите луѓе да ги сожалуваат и да прават работи за нив.

Manipulatori kako da gi prepoznaete i nadmudrite 03

Манипулаторите се заинтересирани за вашите чувства само кога можат да ве искористат. Често мислат дека се попаметни од вас и имаат потреба да се воздигнат, што потсетува на луѓе со нарцисоидно растројство на личноста.

Исто така, тие брзо го менуваат расположението и го насочуваат вниманието кон некој друг. Имено, доколку сте им потребни, ќе се фокусираат само на вас, додека за другите ќе зборуваат лоши работи.

Како да се надмудри манипулаторот?

Најдобра одбрана од манипулатори е да се избегнуваат. Ако забележите дека некој има тенденција да манипулира, подобро е да не се справувате со него, бидејќи најверојатно ќе завршите како негова жртва.

Но ако сте доволно храбри, можете да се обидете да го надмудрите.

Со оглед на тоа што манипулаторите се многу егоцентрични, поставувајте им прашања на кои тешко може да се даде некој манипулативен одговор.

Manipulatori kako da gi prepoznaete i nadmudrite 04

На пример, ако од вас побара да направите нешто за него, прашајте го колку е профитабилно тоа и какви бенефиции ќе имате. Добра одбрана, исто така, ќе биде да ги испитате неговите очекувања.

Поттикнете ги на сомнеж и несигурност, бидејќи во таквите ситуации ќе бидат изгубени. Ова можете да го направите на следен начин:

Во моменти кога манипулаторот ќе бара нешто од вас, вие дипломатски кажете дека ќе размислите за тоа. Така тој нема да добие брза реакција, и ќе го ставите на чекање со тоа што ќе ја игнорирате неговата т.н. големина и моќ.

Не дозволувајте манипулаторот да ја почувствува вашата слабост. Покажете дека не сте пасивни и дека знаете како да реагирате. Не се плашете да кажете „не“ и цврсто одбијте го неговото барање.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg