12 работи кои речиси никој не може да ги направи
Зборување при вдишување
За да можете да зборувате, потребно е да минува воздух низ гласните жици. На овој начин се создаваат вибрации и звуци. Можете да произведете звук и при вдишување, но ќе звучи навистина чудно. Пробајте.
Голтање лажица цимет
Циметот содржи супстанци што го активираат рефлексот за повраќање, па доколку проголтате цела лажица, ќе се случи токму тоа.
Скокоткање
Нема шанси самите да се скокоткате. Причината е што кога самите го правите тоа, мозокот ја очекува сензацијата.
Држење на воздухот
Не можете да изгубите свест само ако го задржите воздухот. Кислородот е неопходен за нормалните метаболички процеси и нашиот систем е дизајниран да го бележи нивото на јаглероден диоксид.
Кога нивото ќе порасне до одредена точка, телото ќе ве „присили“ да издишете.
Брзо вртење на дланките со иста брзина
Ние не сме симетрични суштества, а ова важи и за нашите дланки. Доколку сте деснораки, десната дланка ќе и биде посилна, па најверојатно ќе ја движите побрзо или ќе правите поголем круг.
Кршење јајце со прсти
Природата добро го осмислила овалниот дизајн на јајцата. Доколку го фатите јајцето за горниот и долниот дел со вашите прсти, нема да можете да го скршите – притисокот ќе се пренесе низ целата негова површина.
Спирова С. | Црнобело