12 работи кои речиси никој не може да ги направи
Иако можеби луѓето секојдневно прават неверојатни работи и соборуваат разни рекорди, сепак нашиот потенцијал е ограничен. Некои нешта, колку и да ви звучи чудно, се невозможни за повеќето од нас.
Се разбира, секогаш постојат исклучоци, но нештата во продолжение не може да ги направи речиси никој...
Превиткување хартија повеќе од 7 пати
Листот хартија со А4 формат не може да биде превиткан повеќе од 7 пати. Тимот на MythBusters го тестирал ова и дошле до заклучок дека дури и огромниот лист хартија не може да биде превиткан повеќе од 7 пати.
Мрдање на малиот прст без мрдање на домалиот
Сите прсти на нашите дланките се поврзани. Доколу пробате да свиткате еден прст, со него ќе се свитка и друг.
Чудни трикови со јазикот
Постои верување дека способноста за изведување трикови со јазикот е генетски наследна. Виткањето на јазикот во форма на цевка се смета за особина што ја наследуваат малкумина.
Мрдање на ушите
Мрдањето на ушите им било потребно на нашите предци, но со текот на времето станало бескорисно. Некои луѓе сепак можат малку да ги мрднат ушите, користејќи 3 мускули кои се наоѓаат пред, над и зад ушите.
Ставање на вашата тупаница во устата
За ова ќе ви биде потребна мала тупаница и многу голема уста. Имено, дланките на возрасните луѓе се помеѓу 15,2 и 27 сантиметри, додека просечната големина на устата е 7 сантиметри.
Лижење на лактот
Можете да го направите ова само ако имате кратка подлактица и абнормално долг јазик. Истовремено ќе треба да бидете и доста флексибилни.