Зошто е добро да си потпевнувате, дури и да не ве бива?
Без разлика дали сме добри или не, факт е дека сите уживаме во пеењето. Под туш, во спална, во автомобил, на работа, не постои личност што не сака на пее.
Тоа е еден вид на искажување и комуникација што навистина прави да се чувствуваме подобро.
А покрај тоа, од пеењето има и бројни здравствени придобивки:
Комуникација
Пеењето е вид комуникација со којшто прв пат се соочуваме како бебиња. Пеењето е всушност најефективниот начин за развивање на вештините на комуникација кај децата бидејќи ги подготвува мозокот и гласот за јазик.
Когнитивност
Спред едно истражување, децата кои пееле или учеле да свират музички инструмент имале подобрена невронска функција и зголемено внимание.
Подобро расположение
Исто како вежбање, и пеењето го поттикнува лачењето на ендорфини, хормоните одговорни за доброто расположение.
Посилен имунитет
Било спроведено истражување во кое учествувале хорски пејачи. Од испитаниците биле земени примероци од плунка пред и после 1-часовна проба и се покажало дека после пробата, кај испитаниците се зголемил бројот на вид протеини кои се како антитела.
Намален стрес
Додека пеете, вие вдишувате и издишувате помеѓу стиховите, притоа дишејќи бавно. Благодарение на ова бавно дишење, напнатоста во мускулите се намалува, со што пак се намалува нивото на стрес хормонот кортизол.
Понизок крвен притисок
Истражувањата покажале дека пеењето го релаксира телото, притоа намалувајќи го крвниот притисок.
Подобро држење на телото
Лесно можете да го подобрите држењето на вашето тело со пеење бидејќи пеењето бара да бидете исправени. Градниот кош се проширува, со што грбот и размената се местат во правилна положба.
Поквалитетен сон
Едно истражување покажало дека пеењето помага во зајакнувањето на мускулите во грлото, со што се намалува 'рчењето во текот на ноќта. Со текот на времето, ова може да го намали и интензитетот на апнејата.
Подолг живот
Истражување од универзитетите Харвард и Јејл покажало дека хорското пеење го поттикнува здравјето на умот и срцето, со што се продолжува животниот век.
Зајакнување на мускулите на лицето
Со пеењето ги активирате мускулите на лицето и ги правите посилни. Ова резултира со посвеж изглед на вашето лице.
Зголемена емпатија и разбирање меѓу културите
Музиката ни помага да се чувствуваме поврзано со целото човештво. Пеењето песни од други култури ни помага да ги цениме и да се сочувствуваме со нив.
Подобра меморија
Дури и ако не ги помните сите зборови од вашата омилена песна, факт е дека пеењето бара да ја употребите вашата меморија. Значи, ова е одлична активност со која ќе го зачувате помнењето.
Спирова С. | Црнобело